Луксуз е да живееш по свои правила, да не се правдаш за своите избори

Луксузен живот е да живееш по твои правила, да одиш кон своите цели. Да не се бара оправдувања. Да не се попушта. Да не се правдаш за своите избори, соништа, интереси. Да се дружиш со оние со кои ти е убаво, да се биде заедно од љубов, а не поради чувство на должност.

Луксузот не е шминка, ниту ресторан, ниту висока штикла. Вистински луксуз е да се живее како што ти се допаѓа. Во удобни чизми и со боја на кармин каков што ти се допаѓа или потполно без шминка.

Научете да го отфрлите непотребното, она што стана застарено и истрошено, но чувајте она што сакате. Луксузен живот не е ‘затоа што ти тоа го заслужуваш’, туку затоа што тоа е достојно за тебе. Бакнеж на саканиот човек. Интересни книги. Добри филмови. Омилени песни. Свежа и чиста постелнина. Чиста куќа. Животот кој сама го избра.

Луксузниот живот не е нервирање кога нешто не е како што треба. Сешто може да се случи. Ако нешто не ти успева, тоа никако не влијае на твојата вредност. Тоа значи дека моментално не оди се’ како што посакуваш. Луксузен живот значи да се има можност на избор. Да се живее по свои правила. Да се оди кон своите цели. Да не се бараат оправдувања.

Извор: uspesnazena.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: