Ние не сме она што ни се случува, туку она што ќе одлучиме да бидеме

Премногу пати ги оправдуваме туѓите постапки, дека некој има лош период, лоша година, лош живот. Премногу пати ги оправдуваме лошите однесувања на другите, нивните трагедии, драми или лоши животи. Овој нема родители. Оној нема пари. Овој бил повреден. Оној бил отфрлен. И така во круг.

Премногу се трудиме да го оправдаме она што е неоправдано. Можеби немаме никакви избори во животот, но имаме избор од себе да направиме човек каков што посакуваме да бидеме. И тоа што некој ќе одбере да биде ‘гомно’ е негов избор. Не се виновни разведените родители, ниту општеството, ниту повредувањата. Виновна е личноста.

Лошиот период не е причина за лошо однесување. Лошиот живот не е причина за лошиот човек. Тоа што некој ве упропасти, не е причина вие некој да упропастите. На сите нас понекогаш ни се распаѓа животот, емоциите и довербата, но се составуваме.

Следниот пат кога ќе трпите нечие лошо однесување, навреда, одбивање, дерење, шамари или било што, што може да ве навреди и кога ќе посакате тоа се’ себеси да си го оправдате, сетете се само на едно: нормалните луѓе не шетаат наоколу и не уништуваат туѓи животи.

И ќе го преживеете тоа. Најгласно можно. Не затоа што ве боли. Туку затоа што вредите. Ништо не е споредливо со она што им го даваме на дригите, а кога се давате себеси, потрудете се да имате што да дадете. И бидете претпазливи кон другите, никогаш не знаете какви борби луѓето водат во себе, а за тоа воопшто не зборуваат.

Сања

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: