Што всушност се случува кога некој ќе ви го расипе расположението?

Ќе направи да ви се подигне нивото на хемоглобинот и адреналинот кога сте лути или да се намали многу ако се чувствувавте депресивно и уморно.

Ќе го натера вашиот желудец да лачи киселина. Ќе предизвика спазам на капиларите. Ќе ги поремети метаболитичките процеси. Всушност, таа личност ќе ве ‘истепа’, бидејќи такви супстанци се лачат при физички напад, опасност и тогаш доаѓаат во крвта.

Ако бргу го избркавте кретенот и се потрудивте да заборавите на него- ништо лошо нема да ви се случи. А ако долго време трпите и останувате во контакт- тогаш тоа не е добро за здравјето. Опасно е.

Оној пак кој ве расположил, нешто пријатно ви раскажал, шега, смешна анегдота, поделил или напишал комплимент- тој предизвикал лачење на хормонот кој го подобрува здравјето. Крвните садови се прошируваат, се појавува вишок на кислород, метаболизмот се подобрува и имунитетот зајакнува. И животот може се продолжи.

А ако посакате нешто убаво да кажете и направите- ланчаната реакција продолжува. Доброто расположение влијае на крвта и воопшто на сите анализи. И на должината на животот. Треба да се чува доброто расположение. И да се почитуваат оние кои ви даваат убава енергија. Да не си дозволувате себеси да ви се расипе расположението.

Кога ќе се разбудите наутро- тоа е ново раѓање, нов мал живот, нека почне со добро расположение, со добри вести и мали задоволства.

автор: Ана Кирјанова

извор: femina

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: