Што треба да знаеш ако сакаш да го освоиш нејзиното срце

Животот ме научи како да се биде силна жена, затоа ви давам потсетник ако сакате да се обидете да го освоите клучот на моето срце:

Пред се’, треба да сфатиш дека нема да ги трпам твоите глупости. Знам колку заслужувам, па одбивам да се занимавам со токсични однесувања. Како и сите и јас имам моменти на ранливост. За тоа време ја сакам твојата поддршка. Мора да знам дека си тука поради мене. Знам дека сум јака и независна, но тоа не значи дека не посакувам да бидам изненадена со ружа, чоколадо, пица или некоја друга романтична ситница.

Мора да знаеш дека ми треба Мој простор. Ми треба Мое време. Можеш да бидеш голем дел од мојот живот, но веројатно никогаш нема да бидеш мој цел свет. Само да бидам јасна: јас никогаш нема да те изневерам или предадам. Само не сакам да се чувствуваш непријатно.

Имам пријатели, па ќе ги држам блиску. Ги почитувам своите пријателства, па ќе треба да знаеш како да се носиш со сите мои пријатели. Немој никогаш да ме лажеш, јас сум доволно паметна, ќе те фатам во твоите лаги. Ако ме сакаш, немој да бараш изговори.

Како што имам јас мои пријатели, знам и дека и ти ги имаш. Така можам да ти ја дадам цела слобода за да се дружиш. Нема да бидам љубоморна, ако не ми дадеш причина за тоа.

Имам многу љубов за давање, па ако знаеш со мене, ќе направам се’ да те направам среќен. Она што е најважно, ако еднаш ме повредиш, нема да има друга шанса. Ќе си заминам. Без оглед колку те сакам, себеси се сакам повеќе.

Извор: pozitivanstav

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: