3 работи кои не смеете да им ги кажувате на жените

Во секој однос постојат расправии, кавги и судири. То е нормално бидејќи две различни личности се обидуваат да изградат живот заедно. Но, дури и ако им се случи некое недоразбирање на било кој брачен пар, мора да знаете каде да ја подвлечете границата пред да биде прекасно, бидејќи никогаш не можете да ги вратите зборовите назад.

Еве неколку работи кои никогаш не треба да ги кажете на својот партнер:

‘Секогаш тоа го правиш’. Никогаш не треба да се фокусирате на оваа фраза кога водите жестока расправија, бидејќи ќе почнете да верувате дека во тоа не гледате ништо добро или подобро речено дека се’ што прави вашиот партнер е лошо. Лошиот дел од оваа фраза е да почнете да копате по грешките од минатото, наместо да се фокусирате на моменталната состојба. Мора да се сетите дека ве мачи ситуацијата, а не партнерот. Личните напади не треба да постојат во текот на судирите бидејќи длабоко болат и можат да доведат до развод.

‘Никогаш тоа не го правиш’.. Ова е една заблуда на партнерот- така покажуваат дека никогаш не се менуваат, иако луѓето се менуваат секој ден, секоја минута, секоја секунда. Работете на вистинскиот проблем за да ја решите ситуацијата. Во врска никој не сака контрола.

‘Твоја вина е што’… Не ја фрлајте одговорноста (ниту мала, ниту голема) на рамењата на својот партнер, посебно кога сте вознемирени. Обидете се подобро да откриете зошто нешто се случува. Сетете се двајцата да формирате тим, вие сте различни личности кои се борат да бидат заедно и убаво да се развиваат подеднакво како и одвоено. Вашиот партнер може да биде длабоко погоден ако постојано го обвинувате.

Извор: pozitivanstav

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: