Жената која престана.. всушност се’ престана!

Сфати дека таа е она што е и тоа што не е искрена кон себе е лоша услуга кон нејзината душа и светот. Престана да ја слуша вревата на целиот свет. Го слуша тивкиот глас на својата душа како најубав можен звук.

Престана да ги преиспитува своите мотиви, намери, апелот на својата душа. Сфати дека прашањата бараат одговор, а можеби веќе ги знае одговорите. Престана да се труди, да форсира, да турка и да останува на тешкиот пат. Сфати дека ако остави некои работи настрана може да тргне по друг пат.

Заврши со барање на внимание, одрекување, мали болести на зависност кои ја одвлекуваа далеку од вистинските желби на нејзината душа. Сфати дека силата на карактерот доаѓа од фокусот и посветеноста. Престана да ги негира желбите кои буквално викаа од нејзината душа секој ден. Сфати дека ако не направи ништо за нив, тие ќе умрат со мирна смрт, земајќи дел од нејзината душа со себе.

Заврши со ноќни забави и коктел журки каде разговорите ја допираат само површината на животот. Сфати дека пијалокот создава искривена слика на стварноста и привремена среќа која не е вистинска и исчезнува во светлоста на денот. Престана да се обидува на сите да му удоволи. Сфати дека никогаш не може да успее.

Престана да се преиспитува. Сфати дека нејзиното срце ја знае вистината и дека мора да го прати. Престана да ги анализира сите опции, да ги мери предностите и маните и да се обиде да сфати се’ пред да скокне. Сфати дека тој скок не го подразбира сознанието каде ќе се дочека.

Престана да води битки со себе, обидувајќи се да го промени она што знаеше дека е. Сфати дека светот е доволно тежок за да биде потполно своја, па зошто од тоа да се прави предизвик. Престана да се грижи, бидејќи грижата е цена која ја плаќа за да испадне се’ во ред. Сфати дека грижата не мора да биде дел од процесот.

Престана да се извинува и игра на ситно, за да им биде пријатно на другите и да се вклопи. Сфати дека вклопувањето е преценето и дека сјајот на нејзината светлина прави другите да бидат доволно храбри да направат исто.

Заврши со сите оние ‘треба’ и ‘мора’ во овој свет. Сфати дека единствено морање во нејзиниот живот, доаѓа од оние работи кои чукаат толку силно во нејзината душа, што не може да не ги направи. Престана со каење и сите оние ‘што можев’. Сфати дека е доцна за согледување, бидејќи околностите се секогаш поинакви во ретровизорот, а ние низ животот поминуваме гледајќи во предниот прозорец.

Престана со пријателства засновани на заедничката историја и минати искуства. Сфати дека ако со пријателите не може да расте заедно или ако повеќе не одат по истиот пат, дека е во ред едноставно да ги пушти. Престана со обидите да се вклопи- да биде дел од популарната маса. Сфати дека цената која мора да се плати за да биде во тоа е преголема и дека ќе ја издаде својата душа.

Престана да биде неповерлива. Почна да и’ верува само на една личност- себе. Заврши со замарање. Сфати дека тоа доаѓа од трошење на време на работи кои не и’ донеле радост или ја хранеле нејзината душа.

Престана да се обидува се’ да сфати, да ги знае сите одговори, се’ да планира и да ги види сите можности пред да почне. Сфати дека животот тече и неочикуваните моменти можат да бидат делови од животот. Престана да бара разбирање од било кој освен од себе. Сфати дека единствена личност со која помина се’ и разбирањето на себе е многу попаметно отколку да биде сфатена од некој друг.

Престана да бара љубов. Да се сакаш себеси и да се прифаќаш е најдобра врста на љубов и тоа е семе од кое сите други љубови почнуваат. Престана да се бори, да се обидува да се промени себеси, така што го прифати своето тело. Сфати дека телото во кое дојде на овој свет е единствено кое го има- не може да го замени или врати и затоа љубовта и прифаќањето е единствен пат.

Престана да се споредува и да ги набљудува туѓите животи како огледало за својот живот. Престана да биде тивка, без емоции и да молчи. Да биде во право, бидејќи секоја вистина е релативна и лична, така да единствена вистина е онаа која ја чувствува дека е вистина за неа.

Престана да се обидува да ги промени другите или да им помогне да видат некои работи. Престана да се критизира себе. Сфати дека тој глас не е нејзин. Престана со жалење. Сфати дека ако знае подобро ќе направи подобро.

Престана да биде лута. Сфати дека лутината е само лампа која покажува од што се плаши најповеќе и на тоа треба да работи. Престана да биде тажна. Сфати дека тагата расте кога ќе ја изневери својата душа и кога ќе направи избори кои не се верни на себе.

Извор: aura

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: