Зошто е полесно да се мразиш себеси, отколку да се сакаш?

Какви сте кон себе? Мене подобро не ме прашувајте. Јас со години се убивав самата себе. На сите можни начини. Со мисла, зборови и дела. Навикнав така. Ме научија дека тоа е нормално, па не знаев за друго.

Така е лесно да се мрзиш самата себе, многу полесно отколку да се сакаш. Себеси не си верував ниту малку, а нивните зборови и мислења за мене, ги превзедов и почнав да верувам во тоа. Моите желби не беа важни. Изгубена бев целосно. Ударите стануваа се’ посилни и посилни, се распаѓав и бев се полуда и полуда. Конфузија. Во сопствената збунетост и јас на другите им нанесов штета.

Повредував кога мене ме болеше. Не е важно какви беа тие луѓе и што мене ми направија, јас реагирав со омраза не знаејќи за подобро. До кога? До оној ден додека не си се смачив на самата себе. Не можев повеќе понатаму. Не знаев како, но тргнав пополека.

Не беше воопшто тешко и години ми требаа. И не застанав, иако често знаев да се вратам назад. Кога ќе се навикнете на нешто, потребно ви е време да го смените тоа. Потсвеста навикнала така. И таа програма се повторува и понатаму и понатаму, се враќа.

Каде бегаш? Така некако ми зборуваше мојата потсвест. Потребно беше многу дисциплина, недостадувања и верба. Во самата себе пред се’. Многу денови и години работа на себе, солзи, врескања и распаѓања со самата себе. Признавање на сопствената темница и превземање на одговорност за постапките свои. Распрашување. Набљудување. Простување.

Себеси најтешко си простив за сите злодела кои си ги направив самата на себе. Со тек на време научив да сакам. Се прифатив себе. Како во добро, така и во лошо. Сфатив дека е многу важно како јас се однесувам кон себе. Што си зборувам, мислам, на крајот како и си делувам на самата себе. Многу сум благодарна на тие искуства.

Денес знам подобро и затоа правам подобро. Денес се сакам себе и знам колку е важно и вие да се сакате. Вие сте вредни и со самото раѓање сте заслужиле љубов. Не дозволете никој да ве увери во спротивно како што ме уверија мене.

Марина

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: