Како да им се одмаздиш на тие кои ти создават болка? Остави на кармата

Како да им се одмаздиш на тие кои ти создават болка?
Желбата за одмазда е природна. Такви планови ни паѓаат на ум, кога сме повредени и сакаме да возвратиме со иста мера. Но, најдобрата одмазда е работа на себе.

Заборави што треба да му направиш на тој човек. Остави на кармата. А ти фокусирај се на тоа, да станеш најдобра своја верзија. Учи како да им простиш на луѓето, кои не бараат простување.
Учи како да им овозможиш на своите негативни емоции или лутината, да те исполнат со нешто продуктивно, менувајќи ја таа енергија во нешто што ќе биде корисно за тебе.
На пример, тренирај, измисли нешто креативно или пробај нешто ново што може да ти привлече внимание.

Најдобра одмазда е да не се грижиш за тоа што другите мислат, да не дозволиш нивните постапки да влијаат на тебе, да не се гледаш себеси со нивни очи, да не се трудиш да ги импресионираш, да не ги сметаш дека се над тебе, само затоа што имаат нешто што ти немаш.
Работи на себе, бидејќи се имаш само себеси и никој нема да ти направи подобро, освен ти самиот за себе.

Ти си свое ремек- дело, па иако некои не го почитуваат, никогаш не треба да престанеш да работиш и да се усовршуваш.
Најдобрата одмазда е да научиш да пушташ, не да држиш. Да се отпушти значи, да се ослободиш себеси. Тоа ја покажува твојата вера во Бог и Универзумот.

Понекогаш имаме лошо мислење за себе, се држиме за нешто што може да ја саботира нашата среќа или за луѓе, кои не не’ почитуваат и не не’ сакаат вистински.
А кога ќе научиш да ја отпушташ ситуацијата или луѓето кои ти го отежнуваат животот, тоа значи дека го достигна потребното ниво на љубов кон себе.

Да веруваш во своите способности дека можеш да почнеш се’ од почеток и да најдеш нешто подобро. Учи да бидеш јак, храбар и да не се плашиш од непознато. Да знаеш како да се носиш со се’ што се случува во твојот живот.

Најдобрата одмазда е да се сакаш себеси сега, додека не станеш човек каков што сакаш да бидеш. Да се сакаш себеси несовршен. Да учиш на своите грешки. Да знаеш дека тие не те определуваат, како и твоето минато. Да го сакаш својот живот со сите грешки и среќни моменти. Да сфатиш дека сите кои те сакаат, исто така имаат свои потешкотии.

Да веруваш дека си таму каде што треба да бидеш, да се фокусираш на најдобро што имаш и да не се мразиш себеси затоа што не живееш онака како што посакуваш.
Најдобра одмазда е да научиш да бидеш задовилен и среќен, дури и ако е се’ против тебе.


Извор: http://www.cluber.com.ua/lifestyle/mn

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading