Како емоциите ни ги уништуваат диетите и не’ фрлаат во очај?

Многу од нас пробале разни диети. Нема на што не сме подготвени само да изгубиме некое килце. И постојано сме всушност во некое разочарување. Додека сте на диета, делувате дека сте под стрес. Кога ќе ослабите, тогаш ве фаќа паника од друга врста: како да ги задржите килограмите?

Да не зборуваме за физичките методи на губење на тежината: храна, спортот, вода. Тоа веќе го знаете. Да зборуваме и за другите методи за губењето на килограмите.

Еве за мене се’ почна поинаку кога се вљубив. Тоа беше вулкан од емоции кои течеа од ендорфин до адреналин, а потоа се’ тонеше во депресија. За една година на оваа ‘љубов’ изгубив 30 кг! Љубовта толку многу ме разниша, што ниту една храна не ми причинуваше задоволство. Зошто ова ви го пишувам? Не ви предлагам слична метода за да изгубите килограми. Поентата е во емоциите. Се’ е во емоциите!

За тоа ќе зборуваме денес. Зошто јадеме она што јадеме? Сите знаеме да конзумираме многу повеќе храна отколку што на нашето тело му е потребно. Можеме лесно да живееме ако јадеме еднаш или два пати дневно во мали порции. Вистинската физичка глад на модерниот човек речиси е непозната. Гладот кој го чувствуваме е глад на еден друг дел од телото, тоа е нашата енергетска обвивка.

Можеме да седиме цел ден и ништо да не правиме, без да трошиме било каква физичка енергија, но ние сакаме да јадеме. Зошто? Се’ е во енергијата. Секој производ и вкус има своја енергија. Тоа е добро напишано во древните книги- Ајурведа. Така, на пример, слаткиот вкус смирува, соленото ни ја зголемува концентрацијата; оштрите вкусови не’ активираат, додека горчливите ни даваат трпение. Исто така секој производ има своја лична енергија. Некои производи имаат женска и мека енергија, други машка, некои го подигаат расположението, другите ви даваат темел…

Кога имаме желба да јадеме, значи дека ни недостасува некоја енергија. Зошто жените имаат посебна страст за благо, а мажите за солена храна? Затоа што жените несвесно се обидуваат да се опуштат и да се смират, додека мажите се обидуваат да се соберат и да ја активираат својата сила. Варејќи ја храната, се поврзуваме со нејзината енергија, таа не’ исполнува со своите вибрации и се случува промена на моменталната состојба.

Јадеме, бидејќи ни недостасуваат емоции. Ве молам да ја запомнете секоја радост и среќен ден во својот живот. Дали многу јадевте тој ден? Дали воопшто јадевте? Кога сме исполнети со позитивни емоции, не ни требаат додатни извори на енергија и затоа не јадеме? Зошто диетата не ни помага?

Исцрпувачките диети ни помагаат да изгубиме тежина само некое време. Физичкото тело може да издржи глад долго време и без проблем, за да се вратиме на нормална прехрана. Но, емотивното тело не може. Секој ден му е потребно одредено ниво на храна, а кога му скратуваме храна стануваме нервозни, раздразливи.

Кога сте емоционално исполнети, вашето тело не е гладно. Кога живееме во хармонија со нашата природа, со нашето тело- не се фокусираме на храната, нашите навики се менуваат, интересите се менуваат. . Престануваме да копнееме за храна.

Еве неколку работи кои ве дебелат, а тоа не е храна. Занемарување на себеси поради маж, деца, роднини, колеги. Кога правиме нешто што ни е непријатно, кога не ги остваруваме своите желби. Кога сме заробени во минатото. Незадоволството од сопругот или партнерот. Страв од животот, страв од несоочување со животот. Откажување од своите желби.

Го отфрламе животот, остануваме во зоната на комфорот. Во психологијата, емоцијата која не’ дебелее е стравот. Ако сакате да ослабете, не бидете на диета, туку работете на себе: решете се од стравот, ослободете се од егото и килограмите ќе исчезнат. Радоста е чувство кое е достапно на секое тело, без оглед што ќе каже вагата.

Радоста не ги познава килограмите. А кога радоста ќе се всели во вашето тело, нема да има потреба за голема и тешка храна. Мојот предлог е да не бидете фокусирани на слабеење туку на блескава и мека кожа на пример. Вежбајте, одите во спа центар и ќе видите како ќе го засакате своето тело.

Добро е кога жената е задоволна со своето тело. Кога е среќна што е тука и што е здрава. Добро е кога жената се смее живо, заразно, така да сите луѓе во нејзиното опкружување чувствуваат радост. Добро е кога жената ужива во ситници, се радува на обични работи. Оние кои живеат во грч од прекумерна тежина, на работ на силата и исцрпеност, кога се плаши од калориите и ја отфрла среќата- е тоа воопшто не е добро.

Извор: stil

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: