Причини зошто мажите не ви приоѓаат а нема врска со убавината

Не, не се работи за вас, се работи за она што правите. Можеби сте несвесни за она што ве прави непристапни. Верувале или не, вашето делување зборува погласно од зборовите.

Ве збунува ли фактот дека нема покана од мажите за излегување или ви се чини дека не ги привлекувате? Веројатно почнувате да се чудите што не е во ред со вас. Почнувате да мислите дека не сте доволно убави, доволно паметни или дури забавни. Што ако ви кажеме дека тоа нема врска со вашиот изглед. Дали ќе поверувате?

Па треба. И да е вистина, не се работи за вас. Туку она што вие правите. Вашето делување им дава суптилна порака на мажите. Еве 6 работи кои треба сериозно да ги преиспитате ако сакате да го промените начинот на кој мажите ве гледаат:

1. Глумите неосвоива личност. Ако сте жена која има став како принцеза, можно е долго да бидете сами. Мажите буквално бегаат кога жената има таков став. Се чувствуваат како да доживеале неуспех и пред да се обидат. Тоа бргу ќе ги олади.

Мажот сака да биде главен кога се излегувањата во прашање. Не му го правете животот уште потежок со натпервар кој ќе ја води врската. Што повеќе сакате да се забавувате и колку повеќе му покажувате колку го почитувате, тој ќе направи повеќе за вас. Нема причина да се однесувате како да заслужувате повеќе од него. Добро е да знае дека сте драга и независна жена која цврсто стои на нозете. Тогаш уште повеќе ќе ве почитува.

2. Испраќате негативна енергија, а изразот на лицето ви покажува лутина или нервоза. Мора тој израз да го тргнете од лицето. Дали животот навистина е толку лош? Вашиот израз на лицето открива многу за вашата личност. Ако шетате околу со таков израз на лицето вие му зборувате на светот: ‘Држете дистанца од мене’.

Ниту еден маж нема да помисли да ви пристапи. Вашата енергија може да биде одлучувачка дали мажот ќе ви се обрати или не. Кога не дозволувате вашата енергија да свети, тоа навистина може да влијае на вашето расположение, што ќе ве прави неатрактивна личност. Мажот сака кога имате недефинирана таинствена енергија.

3. Вљубени сте во својот мобилен телефон. Кога сте премногу зафатени со испраќање на пораки, дефинитивно нема да можете да го контактирате мажот кој ве гледа. Мажот мора со вас да оствари контакт со очите, дури и пред да ви се доближи. Тоа е природен начин да види дали сте негов тип и дали постои потенцијален интерес и привлечност. Кога гледате во мобилниот, тој мисли дека не се забавувате или дека не сакате никој да ви смета. А тоа е врста на вибрација која не сакате да ја праќате ако сакате да ви се доближи.

4. Се облекувате претерано провокативно и имате многу шминка. Едно е да се облекувате женствено, а друга е кога покажувате премногу кожа или се криете зад маска. Таков вид на облекување значи аларм дека сте несигурни и прави мажот да има впечаток дека не се чувствувате добро во својата кожа. Кога кокетирате со своето тело повеќе отколку со умот, му праќате погрешна порака. Мажите сакаат жени на кои не им е проблем да бидат она што се.

5. Мора да бидете во центарот на вниманието. Дали сте од оние жени кои сакаат да бидат видени и забележани?Ако е така, препорачуваме повторно да ја разгледате својата цел. Мажите не сакаат сите да гледаат во вас или да покажувате впечаток дека сте лесен плен. Сакаат жена која ќе ги натера тие да се потрудат.

Мажите се ловци. Тоа им е природно всадено. Значи, ако отворено се трудите, можеби нема да ви успее. Тие мора да ја употребат својата мажевност за да ја постигнат својата цел. Во овој случај, нивната цел е средба со вас и освојување. И мажите сакаат да победуваат. Не сте секако награда која треба да се освои, но мажите сакаат да се чувствуваат дека мора да ве ловат за да се интересираат за вас.

6.Не им давате прилика да ве поканат за средба. Вие сте моќна жена со своја кариера. Работите посветено за подобрување на вашиот животен стил од ден на ден. Дали и вашиот љубовен живот е строго контролиран?

Успорете. Не можете секогаш да имате се’ под контрола кога станува збор за љубовта. И не можете да се уверите дека ви се допаѓа. Мажите сакаат да бидат мажи во врската. И да, и вие го сакате тоа, но не дозволувате да ви се случи.

Вие му испраќате покана за излегување, меѓутоа ја повредувате неговата машкост кога тоа го правите. Кога се во прашање такви работи, бидете на ‘совозачкото место’. Не можете да бидете вие личноста која ја води играта ако сакате да остварите средба. Оставете работите да се одвиваат по природен пат, тогаш ќе знаете дали му се допаѓате или не.

извор: Аportal

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: