Секоја изневерена жена треба да го запомни ова

Неверството е едно од најлошите работи кои можат да се случат во долгогодишна врска или брак. Секако дека тоа е работа која не се надминува така лесно. Кај некои е тоа потполно невозможно.

Еднаш кога ќе дојде до неверство, ќе дојде и изгубената доверба во партнерот. Ако тоа ви се случило (или ако тоа некогаш ви се случи, а се надеваме дека нема) запомнете ги следниве работи.

Не посакувај да бидеш како тие жени. Затоа што не можеш да ги спуштиш сопствените стандарди за да станеш некоја таква. Тие се такви, бидејќи им е потребно површно внимание за да опстанат. Ти си вредна за вистинска љубов, а не нешто површно. Не го барај во некој друг.

Сакаш да се оддалечиш што подалеку од него. Да, го сакаше, но постојат многу работи во животот освен човекот, кој своите емоции ги стави пред твоите. Не се плаши од она што изгуби со него. Но, радувај се на она што ќе добиеш и ќе постигнеш во животот без него.

Мажот кој сопствената себичност ја става пред срцето на својата жена, воопшто не е вистински маж. Него треба да му биде страв од она што изгуби. Верувај, тој е губитник, а не ти. Не е твоја грешка. Не постои ништо што можеше да направиш за тоа да го спречиш. Тоа го направи поради сопствена незрелост и страв да сака зрела и исполнета жена како што си ти.

Постојат луѓе кои те сакаат. Толку те сакаат што ќе направат се’ што е во нивна моќ да ти ја ублажат болката која ја чувствуваш. Дозволи им. И тие вистински ќе ти кажат колку си прекрасна и дека навистина не е вредно да бидеш тажна и скршена поради некој кој бил толку глуп да заборави на љубовта која му ја даде и кој се однесува така кукавички поради сопствената себичност. И тие се во право.

извор: minimagazin.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: