Маж напиша за мажите: 12 работи кои силната жена ги сака во љубовта

1. Не очекувајте мед и млеко. Не треба да ги избегнувате проблемите, туку треба да седнете и да разговарате за нив со жената која ја сакате, бидејќи тоа е единствен начин да остане покрај вас. Ако постои нешто што ја мачи, таа тоа и ќе ви го каже. Таа е жена која се носи со проблемите и ги решава, а исто тоа го очекува од вас.

2. Не очекувајте вашата врска да се темели на СМС пораки. Ваквите жени ги одликува вештината на вербални комуникации, а СМС пораките не можат да ги изразат сите нијанси. Секако, неколку пораки во текот на денот со кои ќе одржувате контакт се потполно во ред, но потрудете се допишувањето да го замените со комуникација очи во очи.

3. Не очекувајте да ја импресионираат вашите лудории. Се’ што се однесува на вашиот општествен живот задржете го за себе. Секој детски обид да ја направите љубоморна, така што ќе објавувате на социјалните мрежи свои слики во друштво на други жени може да предизвика контраефект. Јаката жена никогаш не е љубоморна, бидејќи има доволно самодоверба и знае кој не е вреден за нејзиното време. Ако е подготвена да ви се посвети во потполност – истото го очекува и од вас.

4. Не очекувајте беспредметни разговори. Јака, зрела, елоквентна, страствена и образована жена сака квалитетни разговори. Дури и кога се забавува, нејзините мисли се насочени кон важни работи. Ако го сакате нејзино внимание, треба да се носите со тоа.

5. Таа не толерира неодлучност. Веројатноста да се занимава со стресна работа е многу голема, така да таа нема време за бесмислици и тривијалности. Ако сте неодлучни и немате иницијатива, знајте дека на неа тоа може да влијае негативно. Таа очекува дека вие ќе носите одлуки и да бидете креативни и иновативни.

6. Не очекувајте да трпи непочитување. Всушност, вакво нешто не очекувајте ниту од една жена. Овие жени се храбри, смели, со самодоверба и знаат што сакаат. Едно е сигурно: тие не сакаат да бидат со маж кој не ги почитува и не се однесува кон нив како што заслужуваат.

7. Флегматичност не ја импресионира. Важно е да знаете што сакате, било тоа да ја вклучува или исклучува неа. Вашето мислење зад кое стоите е секогаш позитивно во нејзините очи.

8. Очекувајте дека постојано ќе ве мотивира. Јаките жени живеат живот кој има смисла, цел, кои ја следат својата визија. Ако избрала таков живот да дели со вас, нејзината амбициозност ќе се рефлектира и на вас. Знајте дека покрај себе имате подршка, тимски играч, некој кој на вас гледа како на себе еднаков.

9. Очекувајте да ви се посвети во потполност. Независните жени се верни. Исто така, тие очекуваат да бидете искрени и посветени на вашата врска; истото тоа, дури и повеќе очекувајте и од нејзината страна. Таа со еднаква страст работи се’. Знајте дека во никој друг нема да имате доверба како што имате во неа.

10. Очекувајте нови искуства. Таа има страствен живот, полн со возбуда и пред да ве сретне. Многу интересирања и хоби, искуство е она што го карактеризира нејзиниот живот. Затоа, очекувајте сето ова да го подели и проживува со вас.

11. Ќе се радувате со секој нов ден поминат со неа. Досадата ќе стане збор кој не постои во вашиот вокабулар, бидејќи со неа никогаш не е досадно.

12. Очекувајте дека ќе живеете прекрасен живот. Како мотивирана, амбициозна и интелигентна личност сигурно се стреми кон квалитетен живот. И навистина, не постои подобро чувство од она кога знаете дека личноста која е пред вас ги дели истите желби и аспирации како вас.

Среќата е нешто што ве чека на заедничкиот животен пат, бидејќи жените сакаат искрено и длабоко. Таа ќе го разбуди она што е најдобро за вас. А сепак, ќе останете она што сте, оној маж во кој ќе се заљуби.

Извор: lovesensa.rs

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: