Многу е тешко ако ја сретнеш својата вистинска љубов во погрешно време

Ние секогаш многу тешко го доживуваме раскинувањето, често плачеме и мечтаеме за човекот кој го сакавме многу, а го изгубивме. Но, времето лечи и на крајот ќе сретнете некој друг. Со време старата љубов ќе биде за вас нешто далечно, па дури и заборавено.

Но, постојат и други раскинувања. Тие се случуваат со луѓе кои не можете никако да ги исфрлите од главата, што и да направите. Ниту еден ден нема да помине, а да не размислувате за својата љубов и срцето да не ви се распаѓа од тага. Ова често се случува бидејќи мислите дека врската уште не е завршена. Не можете да признаете и поверувате во тоа, бидејќи таквата мисла ве излудува.

Наместо тоа, си зборувате себеси дека е се’ во ред и дека можете да продолжите понатаму. Но, се залажувате себеси. Ова се случува кога ќе слушнете песна, ќе видите фотографија, сакате нешто да поделите со саканата личност или се будите размислувајќи за неа или него. И се’ се врти во круг.

Многу луѓе се појавуваат во нашите животи, а и бргу си одат од него. Со некои, се среќавате само еднаш и никогаш повеќе нема да ги видите, некои ви се допаѓаат, но ништо не се случува меѓу вас. Некои ги будат вашите чувства, а потоа ви требаат месеци да ја надминете болката.

Но, ова чувство е поинакво. Тлее во вас и кога знаете дека врската треба да заврши веднаш, а всушност тој однос трае засекогаш. Не можете само да кажете:’ Ти посакувам се’ најдобро’ и да продолжите понатаму. Не можете да го завршите поглавјето, бидејќи знаете дека не можете да го прекинете односот. Не сега…а можеби и никогаш.

Потоа влегувате во ‘љубовното чистилиште’. Тоа е место каде знаете која е љубовта на вашиот живот, но сеуште не сте заедно. Можеби сте се сретнале за момент, можеби имавте потполна врска или никогаш не сте биле званично заедно. Врската со таа личност е толку вистинска, силна и привлечна што константно и’ се враќате. Односите уште не го достигнале својот врв па затоа не може ниту да заврши. Всушност, тоа може да биде личност со која прекинавте. Не сте со неа поради недостиг на време и многу работа, постојано сте пропуштале прилика и така натаму.

Затоа седите во љубовното чистилиште и чекате време кога еден со друг ќе се најдете. Само седите, слушате тажна музика и чекате. Никако не можете да се тргнете од тие чувства и мисли, за да бидете здраворазумска личност која би живеела нормален живот. Се среќавате со други прекрасни луѓе со кои посакувате нешто да се случи, но тоа никогаш не се случува, бидејќи тргнува нешто однопаку.

А тоа е личноста која ве држи во љубовното чистилиште, која ве приморува така да се чувствувате. Тие чувства не можат да се споредат со ништо. Таква врска се случува само еднаш во животот. Вашите пријатели мислат дека сте луди и вие навистина се чувствувате така. Зошто го избравте него од милијарда луѓе? Не можете да одговорите на тоа прашање.

‘Срцето има свои причини, за кои нашиот разум ништо не знае.’ Паскал

извор: cluber.com.ua 

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: