Не барај љубов, не се обидувај да ги натераш другите да те сакаат

Не барај љубов, не се обидувај да ги натераш другите да те сакаат. Само биди она што бараш. Дај си себеси она што ти беше долго потребно. Биди подобар, широко отвори го своето срце, без очекувања да добиеш нешто за возврат.

Те боли? Дали се чувствуваш исцрпено? Изгледаш како будала? Во секој случај биди отворен. Отворен. Твоето срце треба понекогаш да се ‘скрши’, за да можеш да даваш повеќе љубов и така да се опорави. Од пукнатините излегува сочувство.

Секогаш можеш да кажеш ‘Не’. Секогаш можеш да црташ, прецрташ и да бришеш граници на својот пат. Секогаш можеш да заминеш или да останеш или никогаш да не се вратиш или обратно, да се вратиш засекогаш. Но, ти се сакаш, пред се себеси. И преку таа љубов го сакаш цел свет.

Не постои повеќе оној кој ќе дојди да те дополни или да те спаси. Не постои повеќе некој кој ќе ја тргне твојата болка, бидејќи љубовта можеш да ја дадеш само ти. Не треба да се штити ‘скршеното’ срце, со надеж дека ќе се скрие. Не треба да се биде мазохиста, кој ги штити своите граници, се обидува да најде љубов надвор од своето сопствено срце.

Другите секогаш ќе те разочараат, додека тоа не го сфатиш. Љубовта ги гледа другите такви какви што се. Сонцето дава светлина милиони години, ужива во тоа, што не’ грее сите. Благодарен човек на љубовта, сонцето го наоѓа во односите, првенствено, со својата сопствена светлина.

Џеф Фостер

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: