Жената треба да се опамети за овие работи

….Ја пропушти приликата да патуваш, бидејќи еднаш кога ќе остариш ќе имаш семејство и обврски, трошоци и нема да можеш да организираш патување. Не научи некој нов јазик, бидејќи што повеќе одoвлекуваш, тоа ќе биде потешко да научиш.

….Што остана во лоша врска, бидејќи сфати дека можеше и порано да ја прекинеш истата.

…Што се уплаши да направиш некои работи, упорно држејќи се до својата зона на комфорот од која требаше одамна да излезеш. Не вежбаше на време, бидејќи сега навистина е тешко да се натераш на физичка активност.

…Што си дозволи себеси полната улога да те дефинира. Можеше да бидеш се’ што ќе посакаш само да ги срушеше бариерите во себе.

…Што не даде отказ на онаа ужасна работа. Јасно е дека мораше да ги плаќаш сметките, но да беше похрабра, можеше да работиш и покреативна работа, да се осмелиш да бидеш храбра да веруваш во остварување на својот сон.

…Што се плашеше да кажеш ‘Те сакам’. Да знаеш дека суштината не е да добиеш одговор на изјавата, туку да ги вербализираш своите емоции и да и’ дадеш до знаење на личноста дека ја сакаш. Можеби никогаш тоа не го дозна.

…Што мислеше дека си најпаметна на светот. Ќе ти биде срам, кога ќе сфатиш колку не си имала појма.

…Што се грижеше што другите мислат. Затоа што ќе знаеш дека твојот живот е апсолутно твоја работа и дека никој нема право да ти зборува што да правиш.

…Што ги поддржуваше другите да ги остварат своите соништа, а своите не се ни обиде да ги оствариш.

….Што го трошеше времето на погрешни луѓе, места и настани, наместо да тргнеш понатаму.

…Што се воздржуваше и што не покажуваше емоции кога си лута, тажна или бесна.

…Што работеше премногу. Затоа никој никогаш не се пожали што премногу време помина со семејството, но затоа сите се жалеа што ги запостави поради работата.

…Што не почитуваше она што имаш, секогаш бркајќи нешто ново, наводно подобро, но губејќи и она што во тој момент имаше.

…Што не играше доволно со децата. Затоа што бргу ќе пораснат и ќе престанат да се играат воопшто..

…Што не ризикуваше, посебно во љубовта. Затоа што можеше и требаше, а не се обиде од потполно бесмислени причини.

…Што се грижеше премногу. Затоа што повеќе од работите не се ни случиле, а ти се грижеше.

…Што влегуваше во беспотребни расправи и паничарење без потреба.

…Што не поминуваше доволно време со оние кои ги сакаш. Ништо не се признава како изговор.

…Што не беше благодарна порано, бидејќи знаеш дека се’ што денес имаш, почнувајќи од воздухот кој го вдишуваш, па се’ по ред е голем подарок за кој никогаш не рече благодарам. Затоа кажи денес. Заблагодари се. Цени се’ што имаш. Сакај и кажи го тоа наглас. Подоцна ќе ти биде жал што не си кажала.

Извор: lolamagazin

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: