Не ми зборувај дека немаш време, само кажи ми дека имаш други приоритети

Ако сакате- имате време. Ако немате време, всушност не сакате или имате други приоритети кои повеќе ве интересираат. Не дозволувајте да ве лажат и залажуваат. Всушност, секогаш ќе има место резервирано за личност која сакате да ја видите, со која имате намера да разговарате: тоа е основа на приврзаноста и љубовта.
Како растеме, животот ни отежнува да најдеме простор и време за други или дури за активности кои толку ги сакаме, посебно затоа што не’ напаѓаат други обврски кои ни го крадат цело слободно време.

За внимание не се моли.
Како годините проаѓаат, природно е да се научи да се организира времето кон работата, децата или учењето; постојат оние кои велат дека животот е комбинација на приоритети и втори шанси.
Кога ментално ги рангираме своите односи по приоритети или опции, она што навистина правиме е движење кон вредностите кои им ги даваме на другите луѓе. Отворете ги очите што е можно повеќе и ако сфатите дека не добивате вредност која ја заслужувате, не молете за неа: никој не заслужува да моли за внимание.

Ако се најдете во оваа ситуација, ако чувствувате дека се давате себе за нешто што треба да биде взаемно, а не е, можеби е време да сфатите дека зад недостатокот на време постојат изговори и малку интерес. Болно е и разочарувачки, но долгорочно е поздраво да се реши ова нерамнотежа отколку да се одржува: всушност, заедништвото на двајца луѓе е договор во кое давањето се наградува, но и примањето е подеднакво потребно.

Научив дека оние кои не те бараат- не ти недостигаат, а оние кои не ти недостигаат- не те сакаат. Научив дека вистината боли само еднаш, а лагата засекогаш. Од таа причина ценете ги оние кои ве почитуваат и не ги третирајте како приоритет оние кои ве третираат како опција.

Како да знам дека се однесуваат како кон свој приоритет?
Постојат некои клучни однесувања кои ни помагаат да сфатиме кога некој не сака да дели ниту мал дел од своето време со нас. Мотивацијата е често во тоа, што овие луѓе ве доживуваат како можност, а не како сигурност. Заслужувате да бидете приоритетен план, а не сигурна опција, кога почетните планови ќе пропаднат.

На пример, на сите им се случило да имаат пријатели, партнер или член на семејство кои за нас се приоритет, но во одреден момент почнуваат да не’ ставаат на страна. Можеби нешто се случи и најдобро е да се разговара за тоа, но исто така е можно да се работи за повторено однесување и незаинтетесираност за одржување на контакт, што доведува до прогресивно влошување на односите.

Запомнете дека љубовта кон себе нема датум во календарот. Слобода е да знаете како да одберете.

Кога некој ќе не’ види како секундарна опција, како план Б, слободно бира што ќе дели со нас, а што не. Во овој избор не’ става во друг план.
Дури и ако боли, не можеме да ги присилиме другите да ни возвраќаат внимание онака како што сакаме, исто како што не можеме да го жртвуваме своето достоинство и љубов кон себе поради себичност на другата личност. Нееднаква наклоност ќе ве води само до лажна стварност полна со надеж во иднината за која е малку веројатно дека ќе стане сегашност.

И вие ја имате оваа слобода на избор. Изберете добро кого го сакате во својот живот и мора да размислите за тоа кој ве избра: ценете ги оние кои покажуваат дека ве сакаат покрај себе.
Се работи за негување на искрени односи кои ви овозможуваат да ја одржите самопочитта во рамнотежа. Не е лесно, но предизвиците со најдобри награди никогаш не биле лесни.

Извор: https://lamenteemeravigliosa.it/non-hai-tempo-priorita-altre

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: