Сфати дека никој ништо не ти е должен и тоа е нов почеток

Тоа ги сопира твоите очекувања. Сфати, никој ништо не ти должи и тоа ќе биде почеток на твоето будење. Никој. Ништо не ти е должен.

Така е…Напушти ја илузијата дека си толку важен и значаен во очите на оние со кои се среќаваш. Не мора да те сакаат, да ти даваат подароци и никој со тебе не мора да се дружи и да постапува чесно и несебично. Тебе никој не мора да ти биде верен, затоа што си ти верен на нешто или на некој.

Никој не е должен да се бори за тебе и да го стави своето раме за твоја утеха во тежок момент. Никој не е обврзан да сочувствува со тебе и да те теши. Да ти позајмува пари. Да ги слуша твоите приказни и да се смее на твоите шеги. Никој не мора да ја пополни твојата празнина и твоето незнаење како да живееш без нечие постојано друштво.

Никој не мора да те задржи на работа, бидејќи си добар работник. Никој не мора да се грижи за тебе, со тоа никој не е обаврзан да ти организира среќен и удобен живот. Никој не мора да ти одговори за возврат- со добро на добро. Со благодарност. Не мора да постапи, онака како ти постапи кон него.

Дали сфати? Никој, ништо, тебе не ти е должен. Никогаш и никаде. Дали тоа те прави поцврст и позатворен? Поразочаран? Не, не, не.

‘И прости ни ги долговите наши, како ние што им простуваме на должниците свои…Разбираш ли? Отпушти тоа што не е во твоите раце. Престани да се залажуваш себеси. И ослободувањето од постојаното коментирање на луѓе и настани ќе биде почеток на твојата трансформација… А така сакаше да го промениш својот живот.

Повеќе не очекуваш и не се надеваш на ништо. Се’ што се случува, се случува благодарејќи на огромниот проток на благонаклоност низ тебе. Бранот на разбирање и топлината те носи…Сега, учиш да цениш мали работи кои порано ги пропушти. Убав збор. Понудена помош. Насмевка. До тебе е.. Така гледаш многу добрина во светот, кога не ги заглушуваш сите околу со динамитот на своето ‘сакам’ и ‘морам’?

Сите луѓе се добри. Дозволи им само да постојат, без твоите очекувања и оценки и се’ ќе дојде на свое место. Ова е многу важно во односите. ‘Ако сакаш, пушти’..
Еве… Неопходна е слобода на пространството во која љубовта се случува. Почитувај го изборот на другиот. Не се обидувај да го контролираш. Не ти се допаѓа -оди си, но не смееш да го уништуваш животот на другиот. Никој ништо не ти должи. Тоа е прв чекор. И повеќе нема очекувања. Нема постојани обиди да се игра со проблемите на другите.
Леснотија и едноставност. Ти многу работи ги отфрли. Се’ што те притискаше кон земјата. Сега си слободен да слушаш и да бидеш спокоен и тих.
Тебе никој ништо не ти е должен. И тебе ништо од никој не ти треба. Живеј.
Извор: www.cluber.com.ua

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: