Животот не го прават неподносливите околности, туку недостаток на смисла и цел

Илјада книги за самопомош се објавуваат секоја година, ветувајќи клуч за среќа и откривање на смислата на животот, но мемоароте на Виктор Франкл од 1946 година, покрај тоа што ја опишуваат ја суровата трагедија на втората светска војна, нудат единствен и едноставен одговор.

Франкл, австриски психијатар, вели дека пронаоѓањето на среќата почнува со откажување од потрага по среќа. Тој ги напишал психолошките мемоари со наслов ‘Зошто не се убивте’. Преку лично и искуство на другите логораши на Аушвиц ја претстави својата теорија на логотерапија, по која смислата а не успехот или среќата е силата која го раздвижува човечкиот живот.

Тој пишува: ‘Животот не го прават околностите неподносливи, туку недостаток на смисла и цел’. Франкл често верува дека човечкиот дух може да се издигне над околностите што секако е невозможно да се замисли. Кога повеќе не можеме да ја промениме ситуацијата, предизвикани сме да се смениме себеси.

Логотерапијата помалку се занимава со минатото и испитување на свеста, таа е целосно свртена кон иднината и смислата на сопствениот живот кон која треба да се насочуваме. На прашањето што е смислата на животот, тој одговара: ‘Животната смисла се разликува од човек до човек, од ден на ден, од час до час. Затоа и не е така важна општата смисла на животот, колку специфичната смисла на животот во даден момент.

Да се постави општо прашање е исто како да го прашуваме шаховскиот мајстор кој шаховски потез е најдобар на светот. Едноставно, нема најдобар, па дури и добар потез кој нема да зависи од ситуацијата во играта и од судбината на противникот.

Лекциите кои Виктор Франкл ги научи на потешкиот начин звучат едноставно и во тоа е нивната убавина. Не можеме да ги бираме околностите, но можеме да го бираме својот став. Франкл вели дека кога е се’ друго одземено, човекот и понатаму има своја последна слобода, а тоа е слободата да го бира својот став во било каков склоп на околности.

Ние носиме одлука дека продолжуваме понатаму, продолжуваме да се будиме и да го живееме својот живот секој ден, затоа што веруваме дека постои некоја поголема смисла- нашето страдање да не е залудно. На некој начин, страдањето престанува да биде страдање во моментот кога ќе добиеме смисла, како што е смислата на жртвувањето.

Љубовта е чувар на смислата. Смислата може да дојде од различни извори, но ниту еден не е посилен од љубовта. Франкл пишува дека во рововите на Аушвиц ја доживеа вистината на старото клише дека ‘се што ти е потребно е љубов..Мислите за саканите, Франкл пишува, му даваат на човек чувство на благосостојба барем за момент, дури и кога за ништо повеќе не му е грижа.

‘По прв пар во животот ја почувствував вистината за она што толку мислители го искажаа како последна мудрост на својот живот и што толку поети опеале: дека љубовта е последна и највисоко до каде човечката егзистенција може да вивне.

Животот бара смисла за хумор. Франкл верува дека ако одбереме смеа и смисла за хумор, повеќе од било што друго може да ни помогне да се издигнеме над секоја ситуација. Тој објаснува дека затворениците наоѓаа мали моменти на слободно време во кои зборуваа вицеви и се смееја. ‘Обид за хумор и набљудување на се’ во хумористичното светло создава вештина која се нарекува уметност на живеење’.

Успехот и среќата не се крај и немаат крај. Франкл тврди дека современото општество себеси се опишува преку достигнувања, што ја намалува вредноста на оние кои не се нужно толку успешни и среќни како другите. Неговиот совет за среќен (и успешен) живот е да не се трча по успех, туку наместо тоа треба да се посветиш себеси на нешто поголемо од нас самите и да го пуштиш успехот да те следи како неизбежен нуспродукт на тоа залагање.

Не целете кон успехот. Што повеќе целите и од него правите мета, повеќе ќе мечтаете. Бидејќи успехот и среќата не можат да се најдат, тие можат да се создадат, како последица на личната посветеност, причина поголема од самиот човек или како нуспродукт на нечија потполна посветеност на друга личност. Среќата мора да се случи а исто важи и за успех, мора да дозволите да ви се случат, така што нема да мислите за нив.

Извор: family

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: