Повеќе не им дозволувам на луѓето со мрачни аури да ми одземаат драгоцено време

Повеќе не им дозволувам на луѓето со мрачни аури да ми одземаат драгоцено време на оваа планета. Тоа го научив на сопствена кожа, откако почнав повеќе да се откажувам од себе и од своето време. Научив од сопствено искуство, ако на некој му дозволите да ве пикне во своето пореметено его, неговата темница ќе во ја земе светлината.

Успехот најчесто ќе ‘процвета’ кога се во прашање промени и нови работи: нови прилики, нови идеи, нови познанства, нови перспективи, нови проекти. Ако имате цел и сакате да ја остварите тоа значи дека мора многу да се жртвува и да се ‘оди во непознато’. Понекогаш успехот не произлегува од нешто ново туку од елеминирање на нешто старо. “Една од најтешките работи во животот е да научите кои мостови треба да ги поминете, а кои да ги срушите’.

Ако не сте успешни како што сакате, ако не сте среќни колку што сакате, наместо да барате нови мостови, разгледајте ја опцијата да ги срушите старите. Не се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас. Кога ќе пробате нешто ново, нешто од кое луѓето се плашат, тие ќе зборуваат за вас. И тоа не е убаво. Единствен начин да ги спречите луѓето да ве осудуваат или критикуваат е да се трудите да правите она што сите луѓе го прават. Но, тоа значи дека ќе бидете успешни само онолку колку се тие успешни.

Наместо да се грижите што другите луѓе ќе кажат, бидете среќни што зборуваат за вас. Тоа значи дека сте на вистинскиот пат. Вашиот пат. Не се грижете за тоа дали сте среќни. Пробајте еве вака: затворете ги очите и замислете дека некој ви одзема се’ што имате- семејство, работа, компанија, куќа, се’ ! Што се случува потоа? Сфаќате дека тогаш имавте толку многу поважни работи од она што моментално немате. Сфаќате колку сте безгрижни, успешни и среќни моментално.

Сега отворете ги очите. Буквално. И уште поважно, фигуративно. Можеби можете да бидете посреќни во тоа, животот е веќе доволно добар. Секоја вечер пред спиење помислете на се’ што имате. Направете го тоа и не се грижете дали сте среќни или не. Затоа што знаете дека сте.

Извор: pult24

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: