Пуштете ги. Ако не не’ сакаат доволно за да останат, да ги сакаме доволно да си одат

Факт е дека љубовта ја дефинираме според нашите искуства. Ако оној кој го сакате има потреба да си оди, верувајте дека краен облик на љубов е да му дозволите да си оди. Наместо да ги заврзете вашите раце околу човекот кој сака да си замине, користете ги рацете за да ја отворите вратата. Гледајте како заминува и знајте дека се’ ќе дојде на свое место, се’ ќе биде како што е судено.

Ние веруваме дека љубовниците се должни да останат покрај нас. Но, вистина е дека некои од нив си одат. Ние сме условени човечки суштества со безброј емоции која ги раздвижуваат најважните апсурдни ситуации..Едвај можеме да ја разбереме својата природа. Како тогаш да се разбере љубовникот кој сака да си замине?

Ако сака да си оди, нека си оди. Без оглед колку се трудите, не постои ништо што ќе го запре да си оди. Стварноста е поинаква од нашата ментална конструкција. Сакаме да веруваме дека личноста која најмногу ја сакаме нема никогаш да не’ напушти. Кога започнуваме нова врска, мислиме дека ќе бидеме заедно засекогаш и се обидуваме да создадеме нова стварност. Но, реалноста е дека луѓето и околностите се менуваат. Она што почна вчера, може да заврши во било кој момент.

Оспорувањето на таа вистина е подеднакво залудно како што е залудно да чекаш авион на автобуска станица. Пуштете ги да си одат. Луѓето доаѓаат во нашиот живот со причина и си одат со причина. Не го тупете многу. Кога ќе ги пуштите, причината се манифестира. Можеби кога ќе ги пуштиме, некој друг ќе дојде во нашиот живот. Можеби тоа ќе бидеме и ние самите. А можеби човекот кој си оди, повторно ќе дојде ако е судено.

Гледајте го како заминува и знајте дека се’ ќе дојде на свое место, се’ ќе биде онака како што е судено. Пуштете ги и верувајте дека северната страна на магнетот секогаш е привлечена со јужната страна од друг магнет. Ако вие сте југ на својата љубов, тој ќе го пронајде својот пат до вас. А ако не сте, верувајте дека ќе го најдете северот кој ви е суден.

Ако сакаат да заминат, знајте дека најлогичен избор е да им дозволите да си одат. Се’ друго што можете да се обидете е да сфатите зошто треба да ги пуштите. Пуштете ги на ист начин како што фрлате камен во вода. Кога го фрлате каменот вие не размислувате за тоа што ќе биде со каменот. Не знаете дали ќе падне на дното во длабочината или некој бран ќе го турне назад кон вас. Вие само го фрлате.

Пуштете ги. Ако не не’ сакаат доволно за да останат, да ги сакаме доволно да си одат. Можеби не постои апсолутна идеја за љубовта. Изградете своја перцепција врзана за тој поим и живејте по тоа. Размислете- секоја секунда без нив е прилика за раст на вашата љубов. Нека расте вашата љубов и покажете им го излезот. Не е ваша вина и најверојатно не е ниту нивна. Каква смисла има да го обвинуваме некој ако никој не е виновен? Се’ во животот има своја осека и плима и свој тек, а ние мора да течеме со него.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: