Дневникот не еден заводник: Каква жена го освојува секој маж?

Единствено што некогаш ме мотивираше во врска со жените, беше желбата. Ништо друго не може маж да активира толку, колку желбата да има нешто или некој. Ниту една порака, уверување, објаснување. Тие се работи кои предизвикуваат контра ефект.

Многу жени не знаат на колку мажи им стануваат не само досадни, туку и одбојни ако се премногу присутни. И достапни. Достапноста ја убива секоја хемија. Ако нема хемија, ако нема интрига, нема ниту желба. Поради тоа нема ниту мажи.

Ако не ти се јавувам, едноставна е вистината -не сум заинтересиран. Барем не во овој момент. Тоа исто така значи дека сум заинтересиран за некоја друга. Или- премногу сум заинтересиран, па намерно правам пауза за да ја видам твојата реакција.

Мажите повеќе се ‘качат’ за недостапни жени. Секако дека постојат предуслови жената воопшто да ги заинтригира. Таа мора да има некое жарче, некој став, некој фактор Х. Сосем е неважно колку е висока, тешка, плава, црна, слатка…предуслов е да биде физички привлечна, но тоа не е пресудно. Да бидеме реални во светот постојат милиони преубави жени и ако знаеш со нив, знаеш што ги пали, што ги интересира, лесно е да се однесат во кревет.

Е сега, пресвртот во главата на мажот се случува кога:

Таа знае да размислува. Кога неа не и’ се брза. Кога отворено ќе ти каже- Не. Кога јасно, дамски ќе даде до знаење дека не си и’ приоритет. Кога ќе постави стандарди. На страна се’ она што е логично и основно што мора да бидеш жена која има свој живот, интереси, работа и хоби, мора да дадеш до знаење што очекуваш, на што не се согласуваш и мора да го направиш тоа на вистински начин.

Заборави напади, испади, услови, игрици и сиот апсурд кој може да произлезе од дружење со другарките и алкохолот. И остави го те молам телефонот. Мажот кој го посакуваш не е твоја другарка и не мора да знае се’ што ти се мота по главата. Всушност спротивното, Тој не смее ниту да ти се доближи така.

Вооружи се со трпение. Ова е мисија која трае. Дали некогаш забележа како се однесува твојата пријателка на која речиси сите мажи и’ ‘јадат’ од рака? А таа само се смешка, ужива и апсолутно ништо не ветува? Ја набљудуваш и никогаш не ти било јасно што таа има, што мажите толку ги излудува? Просечна е, барем по се’ што гледаш. Но, секако постои ‘Но’. Нејзе секогаш и’ стигнуваат пораки и таа не скока на секое. Го зема мобилниот во раце, погледнува од кој е пораката, па повторно го враќа мобилниот на масата, зарем не?

Таа е господар на своето време и никој друг. Можеби е тоа злобно, но тоа е квалитет кој се цени, посебно во машката глава. Таа секогаш е пристојно средена. Не премногу, ниту малку, точно онолку колку што е потребно да се истакнат сите нејзини квалитети. За своите мани никогаш не зборува. Покрај неа многу жени се чувствиваат несигурно иако можеби изгледаат многу подобро, но таа го има тој став ‘најдобра сум’ и добро го носи.

Опуштена е. Таа не се замара со тоа што ќе биде, кога и како. Разговара со насмевка, слуша внимателно, не дава совети кои некој не ги бара, многу е умерена а се смее онака спонтано само кога е нешто навистина смешно. Разговорот со неа е пријатен за сите. Нејзините гестови се природни, умерени и многу префинети. Не е нападна, но во се’ во што треба е интригантна.

Таа знае да кокетира. Знае да го допре мажот, знае да ја разбуди желбата само со еден поглед. Свесна е дека горе- долу, во се’ има мера. Таа ништо не ветува. Не дава гаранција за ништо. Често во разговор со мажите кои и’ се допаѓаат, ќе ги слушнеш зборовите ‘Можеби’, ‘Ќе видиме’, ‘Не знам’. Она што го прави е спонтано и не размислува за тоа претерано. Не и’ е важно што ќе прави другата страна, бидејќи е важна е само таа.

Кога наспроти Него е ваква жена, работите драстично се менуваат. А ти се прашуваш зошто? Затоа што таа со своето однесување, јасно дава до знаење дека е интелигентна. Жена на која во животот не и’ е потребен маж кој ќе ја надополнува. Задоволна е со својот живот и сама со себе, се чувствува пријатно во своја кожа (нема комплекси) и неа не и’ се брза никаде, ниту во врска, ниту во нечиј кревет.

На мажите им праќа сигнали- таа не е лесна жена. Со неа мора поинаку. Околу неа треба да се трудите. А ние многу сакаме да се трудиме. Ако си секогаш достапна, тогаш не треба многу да се трудиме. Ако се согласуваш на се’ од прва, тогаш не бараш некој да се потруди. И стануваш како и сите други жени.

Меѓутоа кога жената за себе е на прво место, таа е недостапна, остава впечаток на жена која во животот не си и’ потребан. Таа има свои планови, цели и друштво. Нејзе нема да и’ се сруши светот ако нема да биде со маж кој и’ се допаѓа. Можеби ќе и’ биде тешко, но таа ќе го поднесе како дама и ќе продолжи со својот живот.

Таа знае кога и како да си оди. И си оди секогаш од приказната која не и’ одговара, во која не добива она што заслужува. А таа многу добро знае дека заслужува се’.

Многу мажи во тие моменти ќе се обидат невозможно, да го вратат интересот на жената која го изгуби интересот за нив. Но, кога таа еднаш ќе прецрта, тука нема многу помош. Таа во својата глава него го елиминира и тоа често е готова приказна. Тука нема калкулации. Нема игрици. Таа одлучи да си оди и тоа на фин и дамски начин.

Така таа во мажите ја буди желбата. А желбата е клуч. Таа нема да се даде себеси ако не добива со еднаква или поголема мера. Таа знае дека вреди. Ја сфаќаш разликата? Покрај жена која драми, хистеризира, досадува со пораки и секогаш има некакво барање никој не сака да биде. Покрај жена која има стандарди и знае да се однесува, во секоја ситуација прво се бира себеси, не сака да биде секој.

Таа не мора да биде најубава, ниту најпаметна ниту најуспешна, но најпосакувана е. И се знае зошто. Ако сакаш да го заведеш вистинскиот маж, ова е поентата каква жена треба да бидеш. Тоа не значи карактерно да се менуваш или да играш игри, тоа значи во секој момент ти себеси да си бидеш најважна.

Марио

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: