Постојат жени кои оставаат траг кај мажите: еве 8 докази за тоа

Некои жени оставаат траг во животот на мажите и кога ќе престанат да бидат дел од нивниот живот. Таквите жени тешко се забораваат и мажите на нив секогаш се сеќаваат. Овие се нивните карактеристики:

1. Вие сте жена која зрачи со страст. Страст во најширока смисла на зборот е една од најатрактивните човечки особини. Мажите кога ќе се присетат на своите бивши, обично се сеќаваат на нејзината страственост.

2. Независна. Се движите кон целите до кои ве води вашето срце и амбициозноста. Сите планови и цели ги спроведувате во дело и не барате помош од други.

3. Верувате во себе. Не се сомневате дека заслужувате најдобро во животот. Поради тој став ги привлекувате мажите како магнет.

4. Вашата врска е секогаш длабока. Не ви е доволно само да направите сојуз со мажите, за вас е важен длабок и содржаен однос. Знаете колку вредите и не сакате да губите време на случајни врски и луѓе.

5. Искрени сте и отворени кон луѓето за да немате ниту трошка сомнеж во вашата искреност и пристојност. Луѓето тоа ќе го ценат.

6. Сакате искрено и безусловно. Што се однесува до љубовта, препреките нема да ве застанат. Сфаќате дека љубовта е посебен дар и поради таа причина не ги криете своите чувства. Кога маж ќе ја изгуби жената која бескрајно ја сакал, секогаш ќе се присеќа.

7. Извор сте на сила во тешки денови. Разбирате дека секој од нас мора да ги совлада препреките и да го искуси стресот. Поради тоа давате поддршка на оние на кои им е потребна. Разбирате дека луѓето не се секогаш способни сами да се носат со проблемите. Од таа причина доброволно ја делите својата сила и енергија со оние на кои тоа им е потребно.

8. Имате добро и нежно срце. Тоа се жени за кои се вели дека имаат ‘златно срце’. Се трудите да се опкружите со внимание и да сакате се’ околу себе. Никој не го оставате на цедило. Давате се’ позитивно на сите кон кои имате топли нежни чувства и многу мажи секогаш ќе бидат разочарани кога ќе ја изгубат таа жена.

извор: infpult.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: