7 вистини за љубовта: она што не сакаме да слушнеме, а треба да го знаеме

Иако се трудиме да живееме едноставен живот, еден од нашите повисоки цели е љубов, но за жал, таа понекогаш не е воопшто едноставна. Стабилниот емотивен однос не може лесно да се изгради, преку ноќ. Не е доволно меѓусебно присуство во односот, туку константен труд, вложување и апсолутно разбирање како тој однос има одраз во иднината.

Во љубовта постојат сурови вистини кои често не сакаме да ги слушнеме и освестиме, а можат да бидат многу корисни во креирањето и одржувањето на секој емотивен однос:

1. Понекогаш сакаме луѓе кои не не’ сакаат. Понекогаш ќе се вљубиме во луѓе кои се рамнодушни кон нас. Понекогаш дозволуваме да ни се доближат луѓе за кои сме свесни дека сакаат да не’ искористат. И покрај нашата љубов кон нив, тие стануваат потполно рамнодушни. И тоа мора да биде прифатено- немаат сите исти намери како вие!

2. Важно е себеси искрено да се засакате. Ако не се сакате себеси, како можете да сакате друга личност? Љубовта кон себе е предуслов за љубов кон другите луѓе. Пред да ги оживеете романтичните чувства важно е да ја негувате љубовта кон себе.

3. Понекогаш ќе почувствувате негативни емоции кон личноста која ја сакате. Не се развива секогаш однос со саканата личност онака како што сакаме. Понекогаш ќе чувствувате бес, лутина, незадоволство и многу негативни емоции кон парнерот. Такви негативни емоции бргу поминуваат. Бидете свесни дека е нормално понекогаш да ги чувствувате негативните емоции кон некој и тоа лесно можете да го решите преку квалитетна комуникација.

4. Сите заслужуваат љубов. Сите заслужуваат љубов, таа е дар кој им е достапен на сите. Ја заслужувате и вие, вашите пријатели, партнерот, семејството, случајни минувачи во вашиот живот, па дури и луѓе кон кои немате позитивен став.

5.Само љубовта не е доволна. Сигурно сте ја слушнале приказната за парот кој многу се сакал, но сепак и покрај големата љубов се разделил. Важно е да се сакате, но љубовта е многу повеќе од самото чувство и зборовите Те сакам!

6. Љубовта не е едноставна. Љубовта не е едноставен животен подвиг- секогаш вклучува и подеми и падови. Љубов е и радост и тага. Но, тоа не значи дека треба да се откажете од неа, туку подобро да ја запознаете и да научите со неа да живеете.

7. Не можете да го натерате никој да ве сака. Тоа што сакаш некој не значи дека можеш да го натераш да те сака. Љубовта делува на потполно различни принципи.

Извор: lovesensa

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: