Драги жени, не бидете тивки, кротки, фини и неискрени. Бидете слободни, срдечни, јасни и искрени

Жената не смее да се плаши од мажот. Многу често ја слушав оваа реченица:

– Немој да го повредиш, биди добра. Надворешно љубезно, културно, учтиво и човечки. А под тоа многу силен страв да не се повреди машкото его и да не се разбуди ѕверот во него, која може да ја повреди жената.

Само никој не ми кажа, дека кога сум ‘добра’ и молчам, внимавам да не го повредам мажот, а всушност се повредувам себе. Бидејќи вистината ја потиснувам.

Никој не ми рече дека кога сум ‘фина’ не дозволувам мажот да ме запознае и разбере. Да ме види и да ме прифати и во други изданија.

Никој не ми кажа, дека кога го ‘штитам’ мажот од самата себе му скратувам да ми помогне, да биде дел од мојот свет. Го блокирам цело ново ниво на блискост.

Никој не ми рече, дека кога сум пристојна му правам лошо на мажот бидејќи не му укажувам на однесувањето кое не ми се допаѓа. Го кочам неговиот раст бидејќи го гледам како неподготвен и слаб.

Никој не ми кажа, дека е сосем во ред да имам ‘свој став’ кој се коси со машкиот, тоа е и здраво бидејќи секој постои и одвоено. Компромисот нема да користи ако на жената и’ се скратува радоста.

Никој не ми рече, дека не можам да го ‘уплашам и избркам’ оној маж кој е навистина за мене. Тоа може да се случи ако љубовта и подготвеноста не се на истата страна.

Никој не ми кажа дека маж може да поднесе и совет, мислење, став, чувствителноста и ранливоста на жената. А може тоа да се развие, а не да се биде заштитен од сите тие аспекти на самиот себе.

Секој маж заслужува жената таков да го види. Отворен за да разбере, јак да ја поднесе вистината, подготвен да слушне, нежен да гушне и цврст, својата автентичност да ја одбрани, а другиот да не го повреди. Прекрасно е тоа да се види во маж и да му се даде простор тоа да биде. Со сопствената искреност.

Драги жени, не бидете тивки, кротки, фини и неискрени. Бидете слободни, срдечни, јасни и искрени, така се гради однос со маж, а не со чекање тие тоа да бидат или да ни читаат мисли. Ако ние сами не умееме своите мисли да ги искажеме како тогаш другиот да може да ги разбере. Искреност. Искреност и само искреност. Ќе си замине само она што не е искрено.

Магдалена Вељковиќ

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: