Грешки во љубовта кои никогаш не треба да се повторат

Имам речиси 42 год и од време на време сакам да кажам дека не верувам во љубов, романса или среќа ‘до крајот на животот’. Кон мажите воглавно сум отворена и без воздржување им давам до знаење што сакам, а што не. Исто така без многу премолчување ќе им кажам да одат по ѓаволите.

Не бев отсекогаш таква. Им угодував на мажите, готвев, им купував подароци, чекав на нивни пораки, бев подготвена со нив да одам и на крај од светот. Секој пат бев подготвена да се дадам во потполност поради љубов. Но, ако не сум подготвена за повеќе дали тоа значи дека не можам повеќе да сакам ?

Кога сме млади, воглавно се бараме и тоа може да биде прилично болно. Некогаш е потребно да ги истражиме границите, да се преиспитаме себе за да знаеме кој сме. Зрелоста е време кога навистина ќе се сретнеш со самиот себе. По младешката заслепеност и размислувањето за жртвување, почнуваме да живееме за себе. Тоа не значи дека не ни е потребен некој друг.

Дали тоа значи дека станавме успешни, свртени кон себе, полни со самодоверба или осамени? Не. Сакаме љубов, топлина и односи полни со разбирање исто како и кога имавме 20 год. Но, досега научивме дека во здрава врска сите тие работи се реципрочни. Затоа овие работи не ги правам повеќе:

1.Не чекам пораки и повици од мажите. Или прва праќам порака или ги исклучувам од животот оние кои немаат време ниту да ми се јават или да напишат дека се зафатени.

2. Не сакам да одам на состанок ако местото и времето не ми одговараат. Ако мажот не е заинтересиран за тоа колку жената е зафатена, за нејзините желби, удобност, тоа никако не е добро. Токму таков маж не ми треба.

3. Не му простувам ако не ми купи подарок за роденден. Сакам мажи кои трошат пари на жена која ја сакаат. Луѓето кои се скржави обично се такви и во други сегменти од животот. Уште ако не го запомнат датумот кој и’ е важен на неговата партнерка, покажуваат колку ја почитуваат.

4. Не можам да оправдам нечиј неуспех по 40-тата година. Тоа не значи дека барам само пари. Кога бевме млади експериментиравме, се обидувавме и паѓавме, работевме се’ и сешто..Веќе со 40, би требало да имаме каква-таква кариера и пристојно место за живот.

5. Нема да премолчам ако нешто не ми се допаѓа. Нема да приговарам постојано и нема да дрдорам. Ама тоа што не ми се допаѓа, те молам- немој.

6. Не се плашам да поставам ниту едно прашање. И подготвена сум на било кој одговор. Кога бевме помлади, се плашевме да поставиме било какво прашање за она што не разбиравме. Не сакам повеќе да бидам повредена и затоа сум подготвена се’ да разјаснам.

7. Повеќе не мешам секс со љубов. Сексот може да биде поврзан со љубов. Од друга страна, не мора да имате никакви допирни точки со неа. Ако нема љубов, тоа значи дека само спиеме заедно.

8. Не сум љубоморна на неговите пријатели, ниту на неговата работа. Ако вистински ме сака ќе најде време за мене.

9. Не ги пеглам неговите мајци и кошули. Не сакам пеглање. Не сакам да ги пеглам ниту моите работи, а не пак неговите.

10. Не се трудам да изгледам подобро поради мажите. Всушност кога ќе запознам некој нов, можам да бидам цинична, премногу искрена. Не се срамам да разговарам за своите проблеми и потешкотии. Некој кој сака, може секогаш да дознае повеќе за мене.

Имам 42 год и како стебло од бамбус сум. Директна, јака, флексибилна и не толку строга. Тешко е да ме скршат, да ме свиткаат по своја волја и да ме искоренат. Тешкотиите во животот ме зајакнаа и понатаму сакам да сакам. Едноставно не сум подготвена да се жртвувам за некој. Љубовта е создавање, не деструкција и жртвување.

Извор: elle.rs

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: