Посветено на секоја жена

Замислете жена која верува дека е правилно и добро што е жена. Жена која е почастена со своето искуство и што ги раскажува своите искуства. Која одбива да носи туѓи гревови во своето тело и животот.

Замислете жена која верува и се почитува себе. Жена која ги слуша своите потреби и желби. Која ги пресретнува со нежност и грациозност.

Замислете жена која го признава влијанието на минатото на иднината. Жена која поминала низ своето минато. Која оздрави во сегашноста.

Замислете жена која е автор на сопствениот живот. Жена која се труди, се движи и прави се’ во свое име. Која одбива да се предаде, освен на своето најискрено себе и најмудриот глас.

Замислете жена која ги именува сопствените Богови. Жената која го замислува божествено на својата слика и прилика. Која ја дизајнира личната духовност за да го информира својот секојдневен живот.

Замислете жена заљубена во сопственото тело. Жена која верува дека нејзиното тело е доволно, токму такво какво што е. Замислете жена која го почитува телото на Божица во своето тело кое се менува.

Жената која го слави трупањето на своите години и своите мудрости. Која одбива да ја користи својата животна енергија, прикривајќи ги промените во своето тело и живот. Замислете жена која ги почитува жените во својот живот. Жена која седи во женски кругови. Која ќе се потсети на вистина за себе, кога ќе ја заборави. Замислете се себеси како оваа жена.

Patricia Lynn Reilly

Од книгата ‘ A God Who Looks Like Me’

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading