Таа ги заведува, но и ги плаши: со какви жени мажите не можат да се изборат

Колку се жените попаметни, длабокоумни, тоа им е потешко да најдат сродна душа. Можат да се дружат многу често со мажи, но во некој момент врската да престане да напредува. Не е секој маж доволно јак, за да може да застане раме до раме со паметна жена.

– Паметната жена поставува паметни прашања. Паметната жена ќе посака да разбере што се случува во вашиот живот и зошто се случува тоа што се случува и ќе поставува прашања на кои можеби нема да имате одговор. Дури и на првиот состанок, ќе ‘копа’ длабоко по вашиот живот и ќе поставува лични и филозофски прашања – и никогаш нема да ужива во плитки разговори.

– Паметната жена е искрена. Можеби и премногу искрена. Таа сериозно го сфаќа својот интегритет. Ако ја прашате било што, ќе ви ја каже вистината и го очекува тоа исто од вас.

– Паметната жена знае што сака. Или кого го посакува. Таа веднаш знае дали и’ се допаѓате и не мора да ‘истражува’ или да оди на состаноци за да биде сигурна во своите чувства. Нејзиното срце чука за неколку посебни пријатели, кои внимателно ги избрала.

– Паметната жена посакува сериозна врска. Сака долги разговори за вашиот живот, сака да слушне приказни за вашето минато, сака да ја разбере вашата болка и да му даде вредност на вашиот живот. Сака вистински однос кој оди подалеку од случајни средби и забава.

– Паметната жена не се плаши од интимност. Таа не се плаши од зближување или дека ќе биде повредена ако се отвори премногу. Не мисли дека со тоа ќе ја жртвува својата слобода или дека ќе стане ранлива. Нејзината длабочина и интима одат заедно и секогаш ќе ја цени убавината на интимноста во врската.

-Паметната жена гледа низ вас. Може да види кои сте вие навистина и што ве прави ранливи. Таа никогаш нема да ве злоупотреби, туку само сака да знаете дека ве разбира и дека не мора да ‘глумите’ кога сте со неа.

-Паметната жена сака луѓе кои се доследни. Ја вади од такт превртливо однесување. Сака силна и цврста врска и знае дека зборовите мора да се претворат во дела и обратно, тоа е основа на секоја врска. Паметната жена не игра ‘игри’. Ако не можете да ја сакате вистински, таа ќе замине. Таа нема да ве чека да се колебате. Таа е силна и страствена и нема да ги троши своите емоции на некој кој не ја почитува нејзината длабочина.

Иако трага за посебна љубов, паметната жена не се плаши да биде сама.

Извор: kronervijesti

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: