Јас сум таква, силна и пркосна жена, непоправлива и неподнослива за другите

Јас сум таква, јака и пркосна жена, непоправлива и неподнослива за многумина. Јас сум резултат на своите напори и на своите страдања, бидејќи секогаш одбивам да бидам жртва и да бидам роб на туѓото мислење.

Она што гледате е се’ што сум јас, без лага: онаа која се сака себе и онаа која над се’ го сака животот.

Секоја жена треба да се труди да биде јака, како психички, така и физички. Тие жени знаат дека не можат во се’ да бидат совршени. Јаките жени не се оптеретени со тоа да бидат најдобри во се’, туку секогаш се трудат да дадат најдобро од себе.

Го сакаат своето тело и водат грижа за него. Не се прејадуваат, но не се на строги диети, туку се хранат квалитетно и здраво и редовно вежбаат. Не се срамат од своите години, но не се оптеретуваат со нив. Годините за нив се само број и не сметаат дека во нешто треба да ги ограничуваат.

Не глумат. Не се преправаат во нешто што не се и секогаш се опуштени и свои. Не трошат време на луѓе кои не ги сакаат. Кога некој не им се допаѓа, тоа не го кријат и не ги пуштаат таквите луѓе во својот живот.

Не работат она што не им се допаѓа. Никој не може да ги наговори да одат против себе и да направат нешто што всушност не сакаат. Секогаш цврсто се држат до своите ставови и уверувања.

Пристојни се. Пристојноста е доблест, која јаките жени успеваат да ја сочуваат во сите ситуации, а често ја користат како оружје против нељубезните луѓе.

Независни се. Тие знаат да се грижат сами за себе, а не им треба никој друг ниту за да се забавуваат. Секако и тие ги пуштаат другите луѓе во својот живот, но од нив не зависат.

Извор: pozitivanstav

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: