Емоционална фиксација- кога не можеме да го пуштиме партнерот со кој односот е неостварлив

Овој поим ретко се спомнува, но емоционалната фиксација, знае да биде голем проблем. Зборот фиксација доаѓа од латинскиот збор fixare, што може да се преведе како зацврстување, односно во оваа смисла- мисла која постојано и упорно не’ преокупира.

Тој процес може да тече од ден во ден, може да дојде до опсесија на тоа чувство, при што не можете да ‘исфрлите’ одредени мисли од главата, бидејќи се постојано присутни. Веројатно сте слушнале за поимите како фикс идеи, па токму тоа упатува на нешто нереално и неостварливо, нешто што постои само во главата на некои луѓе.

Емоционалната (љубовна) фиксација се однесува на потребата за зачувување на образец на однесување, емоција и мисли со кои личноста се служи, а поврзано е и насочено кон личноста која на одреден начин е недостапна.

Начинот на кој личноста може да биде недостапна:

– Може да биде емоционално недостапна што значи дека едноставно од некоја причина нема развиени вештини на изразување и примање на емоции (емоционална интелигенција)

– Личноста е во врска/ брак, одалечена е и нема никакви контакти со неа, едноставно не сака да биде во врска/ однос со дотичната личност која покажува интерес.

Оваа фиксација често се меша со чувството на вљубеност. Од таа причина, личноста мисли дека е вљубена во некој и дека поради тоа не може да го ‘пушти’ од главата. Меѓутоа, чувството на вљубеност трае од 2 недели до максимално 2 години и тоа ако имате одреден контакт со личноста кон која ги негувате овие чувства. Се’ понатаму од тоа, не е чувство на вљубеност, посебно ако ја завршите врската или повеќе немате ништо со другата личност.

Како да знаете кога навистина се работи за фиксација на друга личност? Некои од знаците се:

1. Иако односот завршил вие и понатаму секојдневно мислите на другата личност.

2. Се надевате дека ќе се смирите иако реално нема никаква надеж дека некогаш ќе бидете заедно

3. Секој ден размислувате за таа личност што прави, каде е, со кој е.

4. Не можете да ја пуштите таа личност, бидејќи верувате дека е единствена за вас и дека не можете да преживеете.

5. Имате посилни телесни реакции штом ќе помислите на таа личност (чукање на срцето, возбуда)

6. Од вашата врска не сте задоволни, но и понатаму не можете да го пуштите тој однос ниту партнерот

7. Имате потреба постојано да зборувате за таа личност.

Што стои зад љубовната фиксација? Тоа е всушност одбрамбен механизам со која личноста бега, односно ја намалува реалноста. Уште во детството личноста научила дека стварноста едноставно е преболна и претешка од некоја причина. На овој начин се бега во свој свет, во кој се’ е како што треба да биде, односно како личноста што сака, родителите совршени, партнер посебен, прекрасен и единствен.

При тоа нема вистински контакт со стварноста, како ни стварен контакт со партнерот на кој е фокусот. Ако личноста се врати во ‘сега и овде’ ќе осознае дека светот не е црно- бел и дека има детско размислување.

Кога ќе се фиксираме на некоја личност иако односот веќе завршил, на некој начин стануваме зависни од таа личност, исто како што сме биле зависни од мајката во детството, нејзиното присуство, љубов, нежност и сл. Бидејќи ова се одвива несвесно, најчесто забораваме дека сме возрасни луѓе кои повеќе не се зависни, беспомошни деца.

Како да се прекине со ова? Најважно е да се освести целиот процес и она што се случува под површината на сликата. При тоа ќе ја откриеме илузијата и треба да почнеме да ја ‘кршиме’. Илузијата е лажна стварност, но токму тие личности најтешко ја пуштаат илузијата, иако им се кочи понатамошниот развој.

Со пуштање на илузиите доаѓа до ослободивање на разни чувства, што знае да биде болно и тешко сфатливо. Како да поминувате низ магла на несигурност, страв и болка, но одеднаш кога маглата ќе се рашири и ќе се тргне добивате потполно нов поглед. Исто така со работа на себе учите свесно да ги поместувате мислите кон себе, одредени активности и други луѓе. Свесно го поместувате фокусот на нешто друго. За почеток ова може да биде многу чудно и тешко, но еднаш кога ќе го извежбате мозокот вака да работи, работите стануваат полесни

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: