Мажот никогаш не ја заборава онаа која го повреди на овој начин

Жени…може ли некој да ти го загорчи животот како жена? Може, мажот. Ништо полошо од ранет маж. Можеби е полоша ранетата жена или пак мажите, кои уништиле многу добри жени -двете приказни се дискутабилни.

Некои тврдат дека мажите никогаш не ја забораваат онаа која ги повреди. Кој заборава? Никој. Секако, сите добро ќе го запомнеме оној кој не’ повредил. Разликата е во тоа што поинаку поминуваме низ тој процес.

Жените понекогаш ќе преболат со брзина на светлината. Но, тоа така изгледа на прв поглед. Прво страдаат и потоа ќе преболат. Ќе се исплачат, ќе ги избришат солзите, ќе се дотераат и ќе одат во нови победи.

Мажите малку поинаку тоа го доживуваат. Прво се ранети, се обидуваат да се смират со бившите, а потоа го прифаќаат фактот дека е готово, пијат повеќе, излегуваат, се забавуваат, па почнува нивната метаморфоза во скотови ( не сите, секоја чест на исклучоци). Осветољубив скот кој повеќе никогаш не сака да се заљуби, да има врска, да биде верен и добар. Затоа ќе биде кретен кон целиот женски род.

Океј, океј, ти ја сакаше, таа те повреди, разбирам, но што ќе правиш сега? Ќе го затвориш своето срце и ќе бидеш огорчен скот цел живот? Апсолутно погрешно. Да се разбереме, не си ти фраер кога таа плаче поради тебе и кога нема да и’ се јавиш, Ти си кукавица. Не си интересен кога ќе почнеш да зборуваш за тоа како жените се зло и како се сите исти, Патетичен си.

И после се’, дали си посреќен? Тоа што си кретен кон девојките нема да ти помогне да ја преболиш бившата. Знаеш и самиот дека е така, бидејќи на крајот од денот, сепак ти недостасува и посакуваш некоја која ќе биде како неа. Само ти така продолжи, на крајот ќе завршиш со некоја полоша од себе. Само велам.

Полоши од него се само девојки кои паѓаат на овој тип мажи, кои мислат дека е тој ‘добричок’, но некоја гадура многу го повреди и затоа е таков. И почнуваат да го менуваат, да му докажуваат дека светот е прекрасен, дека љубовта се’ може, дека тие се најпрекрасни.

Зошто си така наивна? Не можеш да го менуваш, бидејќи тој самиот не сака да се промени, а ако тој те одбива и тебе и промените и твоите добри намери, тогаш ти тука не можеш ништо освен да тргнеш напред, но ти не сакаш. Поради него страдаш и се обидуваш да го промениш додека оној кој е ‘веќе променет’ се обидува да те освои. Каква иронија.

Извор: kronervijestu.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: