Љубовта е преубава, но како да знаеме дека сме сакани?

Ошо -Извадок од книгата ‘Од смрт до бесмртност’

Сензибилните души знаат да се вљубат речиси секојдневно. Нивната љубов е како ружа. И додека е тука, таа е така мирисна, така жива и игра во својата убавина на ветар, на дожд, на сонце. Но кога ќе дојде ноќ, таа можеби ќе помине и не можеш ништо да направиш тоа да го спречиш.

Таа длабока љубов на срцето е како треперење на ветрот кој ќе ти влезе во соба, ќе ти донесе свежина и ќе си замине. Не можеш ветрот да го задржиш со рацете.

Постојат три нивоа во човекот: физиолошка- тело, психолошка- ум и неговото битие- неговата вечна суштина. Љубовта може да постои на сите три нивоа, но нејзиниот квалитет може да варира. На ниво на филозофија на телото, тоа е само секс. Можеш тоа да го нарекуваш љубов, бидејќи зборот љубов звучи поетично и убаво; 99% од луѓето сексот го нарекува љубов. Сексот е билошки, физички. Твоја хемија, твои хормони- се’ материјално е вуклучено во тоа.

Ќе се вљубиш во жена или маж. Можеш ли точно да опишеш со што жената те привлече? Сигурно не можеш да го видиш нејзиното битие, бидејќи не го познаваш ниту сопственото битие. Ниту можеш да ја препознаеш нејзината психа, бидејќи да се читаат нечии мисли не е лесна задача. Значи, што најде во таа жена?

Ништо физички, само хемиски, твоите хормони се привлечени од хормоните на жената, нејзината хемија. Тоа не е работа на љубов туку работа на хемија. Само 1% на луѓе влегле малку подлабоко. Тие можат да ја почувствуваат убавината на Духот, чувствителноста на Срцето, бидејќи и самите живеат на тоа ниво.

Запомни го ова како општо правило: Не можеш да гледаш подалеку од она каде што си и ти самиот. Ако живееш во своето тело и мислиш дека си само тело, тогаш можеш да бидеш привлечен само со нечие тело. Тоа е телесен стадиум на љубовта.

Некои луѓе не мислат, тие чувствуваат бидејќи живеат со срце и можат да го почувствуваат срцето на друга личност. Ова често се нарекува љубов. Тоа е ретко- можеби 1% случаи. Зошто поголемиот број луѓе не одат на друго ниво каде е толку убаво?

Е тука е проблемот: Сето тоа е многу убаво, но и е многу чувствително. Не е од челик направено, туку од многу кршливо стакло, а кога огледалото ќе падне и ќе се скрши, нема начин да се состави. Луѓето се плашат да не се заплеткаат предлабоко, да не ги достигнат кршливите нивоа на љубовта, бидејќи на ова ниво е неверојатно убаво, но и неверојатно променливо. Чувствата не се како стени, тие се нежни како латици од ружа.

Затоа луѓето остануваат на физичкото ниво на љубовта. Тоа е површно, но и стабилно. Сензибилните души знаат да се вљубат речиси секојдневно. Нивната љубов е како ружа. Малку се оние кои се храбри да се препуштат на животот кој секој момент се менува. Затоа одлучуваат да се заљубат на сигурен начин. Не знам која врста на љубов ја познаваш- веројатно првиот тип, можеби вториот.

И уплашен си: Кога ќе стигнеш до сопственото битие, што ќе се случи со твојата љубов? Сигурно ќе исчезне- но, нема да изгубиш ама баш ништо. Нов вид на љубов ќе се издигне, онаа која ќе се појави кај еден од милион луѓе. Оваа љубов може да се нарече ‘исполнет со љубов’.

Затоа не бидете во страв. Вашата грижа е оправдана: Она за што мислите дека е љубов ќе исчезне, а она што ќе го заземе нејзиното место е огромно и без крај. Ќе бидете способни да сакате без врзување. Ќе можете да сакате многу луѓе, бидејќи ако имате потреба да сакате една личност, ќе останете сиромашни. Таа една личност може да ви даде некое искуство на љубов, но многу луѓе сакаат.

Ќе бидете изненадени дека секоја личност ви дава ново чувство, нова песна, нов облик на екстаза. Не треба да бидете посесивни, желбата за поседување ја уништува љубовта. И не треба да дозволете некој да ве поседува, бидејќи и тоа ја уништува љубовта.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: