Гушкај се себеси..не забушавај

Животот почнува дури тогаш кога ќе престанеш да им правиш задоволство на другите, а не и себеси.

Во почетокот мислиш дека тоа нешто ќе ти донесе. Со текот на времето се навикнуваш, но, на крајот сфаќаш, дека со тоа само се губиш себеси.

Го губиш своето “јас” за да задоволиш илјадници други, кои никогаш нема да ти се отворат, кои никогаш нема да направат за тебе, она што ти би направил за нив. Кога ќе влезеш во тој волшебен круг, ќе сфатиш на крајот дека си врзан за размислувањата на другите и зависиш од нив.

Животот почнува дури тогаш кога ќе престанеш да им правиш задоволство на другите. Во почетокот мислиш дека на луѓето им значиш, но времето го покажува спротивното.

Така ги губиш своите соништа, бидејќи мораш да се прилагодуваш на нивните, ги губиш своите основни чувства, бидејќи не смееш да ги повредиш нивните.

Така го губиш својот став, бидејќи не смееш да се спротивставиш на нивниот, а на крајот се прашуваш зошто си несреќен.

Животот почнува дури тогаш, кога ќе престанеш да им правиш задоволство на другите.

Но, до тоа треба да се дојде. Понекогаш поминува половина живот, додека не ја сфатиш, едноставната вистина и се прашуваш зошто не си ја разбрал порано.

Можеби си мислиш дека тоа го работиш, затоа што си човек со големо срце па треба да им помагаш на другите, но на крајот сфаќаш дека помагањето не е исполнување на нечии барања и секакви желби, на некој што му е потполно сеедно. Ако не сакаш ти, тој ќе си најди друга жртва.

Треба еднаш да почнеш да се гледаш себеси, да размислуваш од перспективата на сопственото срце.

Дури кога ќе почнеш да се почитуваш себеси ќе можеш да ги почитуваш и другите. Побарај ја твојата среќа, во можностите кои ти ги овозможува животот, давајќи си себеси шанса секој ден да почнеш од почеток, без оглед на грешките кои си ги направил вчера.

Не мораш сите луѓе кои ќе ги сретнеш да ги задржиш во својот живот, само задржи ја својата единственост и оригиналност, а оние вистинските ќе останат со тебе.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: