Драги дами, мажите со вас ќе живеат под 2 услови

Кога човек се вљубува во некој, ја сака индивидуалноста, ја почитува самодоверба и независноста.
Бракови во кои, двајца луѓе ќе се пронајдат и живеат во совршена хармонија, многу се ретки. Кога зборуваме за таков брак, неговата долговечност најчесто и’ се препишува на љубовта.

Познатиот психолог Михаил Лабовски вели дека љубовта во некој момент најчесто престанува и во најсреќните бракови, но тие луѓе остануваат во среќен и совршен брак, бидејќи во заедница на двајца луѓе најважни се две работи.
‘Со текот на годините имаме помалку сила отколку во младоста, па се’ што сакаме е разбирање, мир и тишина. Што е тогаш тајната на среќниот брак во кој љубовта престана? Ќе ви кажам- доверба, чувство на сигурност, подршка и разбирање.

Кога ќе дојдете во четириесетите и педесетите години, овие квалитети се многу поважни од пеперутките во стомакот и љубомора од која боли глава. Сигурен сум дека жените кои сета своја енергија во животот ја вложувале во кариера, финансии и изглед, во овие години се многу напнати, што се одразува на бракот. Тие веруваат дека овие нивни особини го држат мажот покрај нив.

Навиката ги врзува луѓето, но колку долго? Во еден момент во секој брак доаѓа моментот кога човек само сака да живее мирно, без стрес, без мешање на другите луѓе. Сака да плови кон мирно пристаниште. Токму таа способност да не ја рушите нечија зона на комфор, туку да ја почитувате, одредува колку години ќе живеете заедно.
Значи, драги дами, мажот ќе живее со вас до крајот на животот под 2 услови:
1. Ако имате за што са разговарате.
2. Не се оптеретувате со неважни работи.

Извор:www.pult24.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: