Многу луѓе се жалат дека не се успешни, но кој е всушност виновен?

Во животот постојат само две патеки: или низ животот одите сами, бирајќи го патот или ве туркаат други. Тие два пристапи се два клучни фактори во животот.

Постојат луѓе кои сами го создаваат својот живот, ја обликуваат својата иднина, носат одлуки и живеат со последиците од тие одлуки. Од друга страна постојат и оние кои само чекаат нешто да им се случи. Тие најчесто не се задоволни со својот живот, бидејќи обично она што ќе се случи, не е добро.

Разликата е во тоа што сами бирате или ќе бидете оние кои се избрани. Секој од нас има моќ, да го обликува и создава својот живот и токму во таа можност лежи убавината на животот.

Многу луѓе се жалат дека не се успешни, но во погоре наведената причина не го гледаат проблемот. Сите резултати со кои се соочуваме, последица се на нечии избор. Ако сме среќни, тоа е знак дека сме добро и вистински сме избрале, но ако не сме среќни, тоа е знак дека правото на избор во нашиот живот му го препуштаме на друг.

Затоа вие треба да бидете творец на својот живот. Да се престане со пасивноста не е лесно, но, тоа е чекор кој мора да го направите. Затоа еднаш треба да престанете да чекате совршено услови, посебна инспирација, нечија дозвола, отсуство на ризик, потврда дека се’ ќе биде добро и други замки во кои упаѓате.

Тагоре еднаш рече: ‘Не можете да го премините морето, ако само гледате во водата’. Затоа отворете се за приликите и одиграјте на своја карта. Ќе видите какво чувство дава сознанието дека правите нешто што можете, посакувате и сакате. Не морате веднаш да го видите цел пат до крај, битно е само под нозете да го имате првиот чекор и тој ќе направи замав за понатамошно делување.

Затоа продолжете да се движите и патот сам пред себе ќе се појави. Вие сте оној кој избира и можете да се надевате на некои резултати. Одберете подрачје на својот живот на кое посакувате промена и започнете со некои чекори. Успехот секако ќе дојде.

Марио Жувела

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: