Не е лесно да трпиш понижувања, треба многу сила и трпение да се исправиш

Бидете благодарни, за некои Не луѓе во вашиот живот, од вас направија човек. За жал, некои грешки ќе ве донесат до вистинските работи, некои повреди, до подлабоко сфаќање на животот и подобро разбирање на себеси.

Понекогаш, додека поминуваме низ понапорни патишта, поболни искуства, покомплицирани луѓе, се прашуваме каква смисла има сето тоа во нашиот живот, а потоа како времето одминува, почнуваме да забележуваме како коцките сами од себе се сложуваат.

Тешко е да се биде благодарен на некој кој од тебе прави мајмун, кој се поигрува со твоите емоции, кој експериментира со твојата личност, но таквите појави на крај ќе те натераат малку повеќе да размислиш за себе, да се обидеш поинаку да ги поставиш работите и да донесеш некои одлуки кои никогаш не си ги донел.

Не е лесно да трпиш понижувања, да ги гледаш во грбот луѓето на кои се’ им даде и кои од тебе си одат со сознание дека добиле она што посакуваа и тоа на највалкан начин.

Тука треба многу сила, трпение со себе, кога ќе се потоне до дно. Да се гледа од жива кал, со надеж, дека ова е моментално најлошата фаза низ која поминувате, бидејќи таа и навистина е.

Кога во вас ќе се променат работите, кога ќе ‘пукне’ вашиот филм и ќе ви дојде да се истушите од се’ и сите, без зборови, тогаш ставате точка на тоа поглавје од животот. Повеќе од се’ исфрлете го од својот ум она што било и што ве оптеретува и свртете се кон она што посакувате да бидете.

Ќе станете нова личност кога ќе соберете сила и ќе го надминете сето она што Не луѓето го оставиле во вашиот живот, кога урнатините кои по нив останале, само ќе ги соберете и ќе се составите себеси од почеток, овој пат како друга личност, која е издржлива, трпелива, самостојна, одговорна, независна и не и’ треба никаква потврда однадвор.

Сега разбирате што на крајот значи тој збор живот и навистина го живее.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: