Дали знаеш дека твојата ‘друга половина’ всушност не постои?

Не’ убедија дека сме половина, дека не сме цели. Тоа е прва, голема измама, бидејќи ти и твојата душа сте едно. Отсекогаш сте биле и засекогаш ќе бидете комплетен круг и не постои дел како во легендите кој се ‘откинал’ од тебе. Нас Бог не не’ искинал на две половинки.

Втората измама е дека ‘другата половина’ ќе те направи цела и дека сите маки ќе престанат тогаш кога ќе ја најдеш. Лудост. Бајка.

Сигурно ќе речеш- ‘Но, тој е некој кој ми дава мир, се чувствувам сигурно и заштитено, комплетно’.

Тоа е душо моја, чиста потреба која доаѓа од егото и од оној човечкиот дел од тебе.

‘Но, без него како јас да не сум јас, недостига нешто’.

Си недостасуваш самата на себе. Толку замина и се оддалечи од себе и низ тоа чувство на препознавање, привлечност и опиеност, всушност, само се враќаш кон себе. И се вљубуваш во себе одново..

‘Ма сега зборуваш лудости, јас го сакам, мислиме исто, дишеме исто, како не е?’

Но, дали можеш без него? Ако ми кажеш дека нема шанса, ќе умреш без него, имаш силни емоции, не е тоа тоа. А ако се прашуваш, како тоа немаш емоции? Ги имаш, но ако ги имаш како нешто неиздржливо и чувство на пропаст ако не сте заедно, знај дека е потреба. Тоа е егото. Нема врска тоа со Божествената љубов.

И кога ќе речеш не можам да се одлепам од него, дишеме заедно. Егото е тоа што те држи и бара докази, зад него е вековна траума или болка која е потисната. Но, тоа не оди така. Божествената љубов е лесна, дава простор, диши и не е зависна. Било да е кон партнерот, детето или светот. Нема објект на љубов, само љубов.

Како љубовта изгледа? Како ќе знам?

Така што знаеш дека твојата суштина, она што си ти длабоко во себе, непроменета е и иста и пред и после него. И знај дека се’ што очекуваш или бараш од мажот мора прво да си го дадеш себеси- ти треба себеси да се сакаш, да се штитиш, да му дадеш на своето внатрешно дете сигурност, слобода, храброст.

Ти себеси мора да се иницираш за да знаеш како да пуштиш љубовта да дише. Но, за жал, не ги знаеме тие работи, па лесно ги брусиме своите агли да се вклопат во туѓите и ги скратуваме своите крила. Меѓутоа, вистинската љубов тоа не го прави, бидејќи и двајцата сте една целина и како такви само се потпирате еден на друг, се’ лесно се отвора и само пловите. Без желба еден со друг да се менувате.

Но… душо моја, слушај ме, оној момент кога ќе имаш мир без било какви проекции за иднината, кога ќе бидеш без потреба за било што и кога не е важно каде е тој во времето и просторот, крај тебе или не.. ќе го почувствуваш. И без никаков сомнеж во срцето, телото и умот, ќе знаеш дека е тој.

П.С. За сите вас кои трагате по својата друга половина, знајте дека ја нема и никогаш ја немало. Кога ќе сретнете некој и ќе ‘кликнете’ од прва, еден дел од вас, всушност ќе ги препознае оние делови од себе кои му недостасуваа, кои се потиснати или кои ги посакувате да ги ослободи. Се’ тоа служи како огледало на Божествена љубов. Бидејќи некој поголем од нас во секој здив, во секоја ситуација и преку секоја личност, всушност посакува безусловно да научиме да се сакаме себеси.

Извор: lola

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: