Како судбината ви ги зема оние кои најмногу ви требаат

Ако личноста ви е судена, ќе остане со вас под било кои околности. А кога вложувате напор односот да се одржи, подобро е тоа да го пуштите. Ако некој си оди, тоа не значи дека го изгубивте. Тоа значи дека ја исполнил својата мисија во вашиот живот.

Не ги третирајте сите фази во животот како загуба. Замислете дека личноста влегува во вашиот живот за да исполните одредена мисија. Направи она што и’ е судено ‘од горе’. А сега е време да го пуштоте овој човек. Нека живее и понатаму. Но, без вас.

Зошто ни е потребна разделба? Не се држете за личност која ве споредува со некој и не ве почитува. Грижете се за оние кои навистина имаат потреба од вас. Оние кои уживаат во самољубието, претераната самопочит, одбивањето на нежност не се прикладни.

Емоционалната поврзаност е посебно важна и истовремено кршлива работа. Треба да ја заштитите и да ја негувате. Но, ако трошите сила да ги зајакнете односите со личноста која не е достојна на ова, нека си оди. Пуштете ги сите лоши и бездушни луѓе кои внесуваат непријатност и разочарување во вашето постоење.

Не ја држете личноста покрај вас која не ве почитува, не ги гледа вашите заслуги и постојано критикува. Ослободете се од штетните дејства на незадоволните и празните трачеви. Не им ја докажувајте на никој сопствената вредност. Оној кој тоа го гледа без разубавивање е вашиот човек. Треба да се биде со оние кои носат утеха во тешки времиња и да држете се на оддалеченост од оние кои намерно ( па дури и ненамерно) ви носат штета. Поради тоа:

1. Одете си без колебање од сите кои ви нанесуваат морална и материјална штета.

2. Оставете се’ што не можете да исправите и промените.

3. Избегнувајте болка, негативност и предавство. Но, не заборавајте дека постојат.

4. Држете ги своите демони во кафез и контролирајте ги неизбежните внатрешни стравови.

5. Запомнете дека страдањето е само прашање на избор.

6. Не се залажувајте себеси и не ја минимализирајте моменталната ситуација со својот токсичен однос, само поради страв од самотија.

7. Запомнете: вие и само вие можете да поставите правила на игра во животот.

Болката по која остануваат лузни. Се распаѓаме на делови, се раствораме во туѓи личности, го губиме лицето. Го губиме карактерот, одлучноста која стои во основата на нашето ‘Јас’. Како резултат на тоа, душата страда. Нема потреба да се видат надворешни манифестации. Процесите кои се одвиваат одвнатре се невидливи. Затоа се опасни. Бидејќи никој нема да ви помогне и никој нема да ве извлече од оваа состојба. Се јавува самоотровност.

Стануваме токсични за себе, кога благо ќе се покориме на условите на другите. Кога ќе ја изгубиме својата суштина, престануваме да размислуваме за сопствените желби и се препуштаме на уверувањето на другите. Кога ќе станеме хронични жртви. Кога ќе ги обезвредниме сопствените мисли, настојувањата и постигнувањата. Кога го негуваме негативниот внатрешен дијалог, минимализирајќи ја комуникацијата со другите. Кога не се занимаваме со објективна интроспекција.

Секако дека сме ранливи на можно предавство и лицемерие на оној кој го сметаме за наш пријател, блиска личност, бидејќи веруваме дека широко го отвораме сопственото срце. Но, дури и ако еднаш сте изгореле во врска, не ја губете вербата. Навистина, љубовта и пријателството постојат.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: