Ако пробаш можеш да изгубиш, ако не пробаш секако си изгубил

Замислете дека можете да живеете живот создаден само за вас. Замислете да можете да живеете со леснотија и со милост, сигурни во сознанието дека се’ се развива точно онака како што треба.

Замислете го чувството дека сте сакани и имате подршка во животот секој ден, имате самодоверба и алатки со чија помош ќе ги остварите своите најлуди соништа. Се’ е тоа можно со помош на позитивната енергија.

Но…Позитивната енергија е многу повеќе од чувството на среќа и веселба. Позитивната енергија е многу повеќе од штимањето на насмевката на вашето лице и лажното уверување дека немате длабоки мисли и чувства.

Позитивната енергија е ускладување на вашиот живот со енергетските вибрации на вашата душа. Станува збор за почитување, кое ве исполнува и прави целото ваше тело да трепери. Се работи за живот од место, кое е во согласност со вашиот ум, вашето тело, вашата душа и со Вселената.

Се’ во оваа Вселена носи енергетска вибрација, а при ускладувањето на тие вибрации, со оние од кои се чувствувате добро, светот станува волшебно место. Се појавува синхроницитет, приликите се појавуваат во вашиот живот, вистинските луѓе влегуваат во вашиот живот, во вистинско време, а вие чувствувате дека Вселената реагира на секоја ваша мисла и чувство.

Кога го синхронизирате својот живот со позитивна енергија, овој неверојатен свет станува ваша стварност. Можеби длабоко во себе веќе чувствувате воздигнување на вашата душа, течење на енергијата во вашето битие, која ве повикува да го промените својот живот, за да можете да го достигнете својот полн потенцијал и да го живеете животот, кој ве прави радосен и кој ве исполнува со смисла и цел.

Отворете се за идејата, дека вие сте повеќе од самото тело- дека сте душа наполнета со енергија која е волшебна и силна. Бидејќи сте отворени за овие можности, можете да се поврзете со животот кој секогаш бил значаен за вас.

Значи, ако сте подготвени да живеете позитивно, инспирирани од животот кој е лесен и радосен, тогаш дојдовте на право место.

Извор: Atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: