Знаеше дека еден ден ќе биде како никогаш да не ни било

…Кога некого повеќе го немаш во животот, неговото отсуство, креира празнина. Нема тага, болка, љубов…празнина. Она што боли…болат спомените. Малку или многу, лоши или добри…сеќавања.

Како фотографии, стари и избледени…Како успорен филм, кој се врти постојано, без почеток и крај…Како песна, со добро познати зборови……празнината однесе се’.

Ти остана само име и презиме…нечие. Неговиот лик ти е маглив во мислите. Ги затвораш очите обидувајќи се, макар на миг, да го доловиш само уште еднаш неговиот поглед…Каква боја беа тие очи?

Неговиот допир, кој ти ја допираше кожата и ти ја милуваше душата…Дали беа топли?

Мирисот на неговото тело кој се впиваше во секоја пора на твојата кожа…Повеќе не можеш да се сетиш.

Остана уште едно сеќавање…далечен град…Утрово за прв пат се разбуди без она чувство на празнина. За прв пат после долго време не почувствува отсуство. Шоља свежо сварено кафе и мир. Мирот ти дојде толку неочекувано во тоа магливо утро. Знаеше дека еден ден ќе биде како никогаш да не ни било…

Росана 

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: