Зошто некои мажи се плашат од доминантни жени и од оние кои тешко се освојуваат?

На некои мажи не им се привлечни силните и доминантни жени. Имено, уверени се дека се премногу компликувани и тешко им е да ги поднесат, што имплицира дека нив им требаат слаби жени со кои можат како што ‘сакаат’ тие.

Многу мажи тврдат дека доминантните жени не се привлечни, повеќе ги сакаат оние кои се ‘слаби на нив’. Затоа работата е јасна- им требаат жени кои покрај нив живеат како што нив им одговара. Силни и доминантни жени се привлечни, но само за мажи со исти квалитети.

Нивната самодоверба може да се смета за агресовно, арогантно и многу амбициозно однесување, посебно на работа; меѓутоа, треба да знаете дека во животот веројатно поминала бројни предизвици за да ја изгради својата самодоверба. Никој не се родил со самодоверба.

Силните жени едноставно не дозволуваат стравот и сомнежот да ги кочат. Тоа не значи дека се арогантни или дека сакаат да бидат центар на светот. Нивната самодоверба природно го привлекува вниманието на другите луѓе. Овие жени ќе ги почитуваат само јаките луѓе кои вреднуваат сечии квалитети.

Силните жени градат сопствени кариери и заработуваат пари. Не им требаат други за да се грижат за нив. Дури и ако не бараат некој да се грижи за нив, тоа не значи дека љубов не им е потребна. Можеби не ви се допаѓаат жени кои се способни се’ да направат, бидејќи тоа на вашето его не му одговара.

Некои мажи се научени дека жените се слаби и за нив е понижување, што некоја жена може да направи исто како нив, дури и подобро. Но, нема потреба да се плашите од силни и доминантни жени. Тие само сакаат да ја признаете нивната сила и да уживате, гледајќи се’ што таа може.

Зарем тоа не е прекрасно? Подржувајте ги во подрачја во кои се слаби и имајте на ум дека нивната независност е позитивна. Силните жени се храбри. Знаат што сакаат во животот, имаат цел. Овој квалитет ги прави интересни и атрактивни, но во исто време нивните амбиции можат да изгледаат застрашувачки. Не и’ судите на книгата по кориците, не знаете се’ додека не ја прочитате.

Извор: www.infpult.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: