Идат денови кога човек повеќе не сака да докажува ништо, сака да биде само среќен

Колку пати сте рекле: ‘Што да правам, кога сум таков’, или ‘Таков е животот!’ Овие специфични зборови покажуваат дека она во што веруваме, за нас е вистина. Но, она во што веруваме, обично е мислење на некој друг кој сме го вклучиле во својот состав на верување. Нема сомнеж дека тоа се вклопува во другите наши уверувања.

Дали сте вие од оние луѓе, кои наутро кога ќе станат и ќе видат, дожд надвор велат: ‘ Ох каков грозен ден!’ Тој не е грозен, туку само дождлив ден. Ако облечеме соодветна облека и го промениме својот став, можеме да уживаме и во дождливите денови. Ако, навистина верувате дека дождливите денови се грозни, секој дождлив ден ќе го дочекате во нерасположение.

Полесно ни е да се бориме со времето, отколку да го прифатиме, такво какво е во овој момент. Нема добро и лошо време, туку наши добри и лоши наши реакции на него. Ако посакуваме живот преполн со радост, мораме да имаме радосни мисли. Ако сакаме работни успеси, мораме амбициозно да размислуваме. Ако посакуваме живот преполн со љубов, мораме да мечтаеме за љубов.

Се’ што мислиме и изговараме, го одредува нашиот живот. Секој момент е и нов почеток. Не размислувајте дека стоите на мртва точка. Промените почнуваат во овој момент, од нашиот ум. Не е важно колку долго сте се држеле на негативната шема или сте биле болни или не сте имале среќа во љубовта или ве мачел недостатокот на пари и чувството на самопрезир. Сето тоа, можеме да почнеме да го менуваме уште денес.

Вашиот проблем, не мора за вас да биде вистина. Тој може да исчезне, како што се создал. На вас е тоа да го направите. Вие сте единствената личност, која ги одредува своите мисли. Вие сте двигател и авторитет во својот свет!

Вашите мисли и уверувања од минатото, го одредија овој момент, во кој сега живеете, а и се’ што предходно ви се случувало.

Луиза Хеј

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading