Не се наоѓаш точно таму каде што сакаш да бидеш?

Само затоа што нешто не се случува во овој момент, не значи дека никогаш нема да се случи. Сети се каде беше пред една година, две, пет. Со какви потешкотии се соочуваше и беше уверена, дека не можеш да ги пребродиш- но го направи тоа?

За кои цели мислеше, дека е невозможно да се достигнат, но со своето темпо сепак ги достигна, па дури и ги надмина? Сите поранешни искуства се доказ за твоите можности, да се зацелиш и да го совладаш проблемот.

Можеби не се наоѓаш точно таму каде што сакаш да бидеш, но веќе далеку си напреднала, од таму каде што беше порано. Верувај дека и другото ќе се случи, кога за тоа ќе дојде време.

Своите двоумења и стравови успеа да ги побиеш веќе безброј пати- биди сигурна дека ќе се увериш во својата сила и овој пат.

Daniell Koepke

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: