7 причини зошто животот не се помрднува од место

Дали размислуваш за успех во животот, за постигнувањата и целите кои сакаш да ги постигнеш? Станува збор за вештини кои нема да ги научиш на училиште и кои може да ги достигне секој кој е подготвен за нив да ја плати бараната цена. Тоа не се вештини кои можете да ги научите само седејќи во својата удобна фотелја читајќи за нив. Потребно е да се има храброст, да се делува, да се рескира, да се згреши, да се биде отворен за нови сознанија.

Овие 7 причини на некој нема да му биде лесно да ги сфати, но никогаш не е доцна нешто да се промени. Било да се твоите желби и аспирации материјални или можеби дури и од духовна природа, во овој момент е сеедно, но сигурно дека нема да ги достигнеш:

1. Затоа што не си доживеал доволно успеси. Удобно си се сместил во својата просечност и си одлучил дека нема да се обидеш. Полесно ти е да зборуваш за учење на нов јазик (компјутерски?) отколку навистина да почнеш да учиш. Мислиш дека е се’ тешко или комплицирано па ќе пуштиш тоа да помине или ќе го оставиш за утре.

Ја мразиш својата работа, но не бараш нова и затоа што е лесно да те одбијат. Седиш и се обидуваш да го избегнеш неуспехот, додека некој друг се обидува и ако е свесен дека може да доживее неуспех, поставува предизвици, учи нови работи и не успева веднаш. Токму затоа што не успева, тој учи и го корегира својот пат за да се осигура секогаш да оди напред.

2. Зошто ти е важно што другите мислат. Мора да се вклопиш. Веруваш дека да се биде различен е cool само ако си различен на ист начин како и другите луѓе. Се плашиш да го гушнеш своето право Јас од страв како ќе те доживее светот. Мислиш дека, ако ти им судиш на другите, мора и другите за возврат да ти судат тебе.

Трошиш премногу пари на глупости, додека некој друг вложува во себе. И додека ти се обидуваш да се вклопиш во светот, некој друг се обидува да го вклопи светот во себе.

3. Затоа што мислиш дека си попаметен отколку што си. Направи она што и другите го направија, студираше она што студираа и другите, читаше она што и другите читаа. Мислиш дека учењето е само нешто што луѓето го прават во училиштата.

Учењето на факултет не е доволно, ниту е неопходно во овој контекст. Потребно е да се студира живот, не од училница, туку живеејќи го. Да се биде паметен не зависи од тоа колку научи, туку начинот на кој живееш.

4. Затоа што не читаш. Читаш она што се бара од тебе или не читаш воопшто. Мислиш дека психологија, личен развој, духовност и филозофија се досадни и глупи. Одбиваш да признаеш дека сета сила во светот доаѓа од зборовите на оние кои живееле пред нас.

Се’ што ќе посакаш можеш да имаш, ако тоа го побараш во зборовите кои сега ни се достапни повеќе од некогаш.

5. Затоа што ти недостасува љубопитност. Дали се жеден за знаење, без оглед на темата? Дали повеќе со радост играш игрици или го развиваш знаењето и проучуваш некои важни теми?

6. Затоа што не поставуваш доволно прашања. Не се сомневаш во авторитети. Не се испитуваш себеси. Не ја разбираш моќта на правилно поставените прашања, несогласувања со почитување и заземање за она што знаеш дека е правилно, во лице на оној кој ти зборува спротивно.

7. Затоа што не можеш да ја поднесеш вистината. Одбиваш да признаеш дека не знаеш, дури и ако знаеш дека не знаеш. Одбиваш да признаеш дека она што те кочи е во тоа да го оствариш својот полн потенцијал- си токму само ти.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: