7 причини зошто некои жени привлекуваат ‘оштетена’ врста на мажи

Постојат жени кои секогаш привлекуваат погрешна врста на мажи. Да разјасниме нешто- тие токсични мажи се оштетени. Но, секако мора да постои нешто што ги турка кон вас, зарем не? Не може да биде само случајност. Еве неколку можности:

1. Имате ниска самодоверба. Забележуваат дека вие себеси не се сакате, па ниту тие не чувствуваат дека треба да ве сакаат. Лесно е да се стане нечија жртва и да се влезе во тој токсичен круг ако не се почитувате така како што треба. Токсичните мажи се плашат од жени со висока самодоверба, бидејќи знаат дека имаат високи стандарди кога е во прашање маж и затоа се привлечени од несигурни жени.

2. Премногу сте добри. Токсичните мажи ова ќе го користат. Знаат дека не сте личност која ќе се жали или ќе им покажете што заслужуваат. Премногу сте добри, премногу љубезни и имате премногу разбирање, тоа е ваш начин на кој му порачувате дека можете да продолжите да се однесувате како пропалица. И верувајте така ќе биде.

3. Премногу сте сочувствителни. Луѓето велат дека спротивностите се привлекуваат. Тоа значи романтично во одредена мера, но во овој случај, тоа е малку ненормално. Токсичниот маж ќе ја пронајде својата совршена ‘жртва’ во својата сочувствителна девојка, бидејќи трпеливо ќе ги слуша сите негови проблеми.

Ако имате емпатична душа, ќе почувствувате жалење кон него и ќе сакате да му помогнете. Поголемиот број од нив лажат и глумат како професионални глумци, само за да добијат малку сочувство и да ја искористат ситуацијата онака како тоа го сакаат. Но, на крајот, ја плаќате цената.

4. Познато е дека сте личност која сака да ги поправи другите. Имате романтични слики во главата за тоа како љубовта може да помести планини и да смени се’. Верувате дека вашата љубов и помош можат всушност позитивно да влијаат на него и дека на крајот ќе се промени Но, погодете што- тоа никогаш нема да се случи! Оштетени и токсични личности имаат проблеми кои мораат да ги решат професионалци, а не нивните девојки.

5. Разочарани сте во љубовта. Можеби веќе еднаш сте биле повредени. Не е лесно да се исцели скршеното срце. Токсичните мажи ќе ги намирисаат тие работи и ќе бидат привлечени од вас, затоа што знаат дека полесно ќе искористат некој, чиј поглед на љубовта моментално е искривен. Вие паѓате на нив бидејќи се итри и знаат дека можат да ве измамат, бидејќи сте така кршливи.

6. Не поставувате граници. Не сте доволно силни да ги поставите границите од почеток. Можеби затоа што не сакате да ги повредите неговите чувства или сте личност која ги избегнува судирите. Тоа е вашата несигурност која ве прави ранливи. Мора да бидете во состојба да кажете доста и да се борите за себе кога имате работа со токсични мажи.

7. Ве гледаат како нивна прилика за промена. Токсичните мажи им се привлечни на некои жени бидејќи ги гледаат како прилика за самоподобрување. Понекогаш, тие знаат дека треба да ги сменат своите токсични навики и затоа одбираат жена со здрав стил на живот. Но, за жал ова не е така ветувачки како што звучи, бидејќи токсичен маж секогаш се враќа на своето лошо однесување.

Извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: