Ако некогаш се налутите и посакувате да се откажете од некој…

Си биле еднаш двајца браќа кои живееле на соседни фарми и кои биле скарани. Било тоа прва сериозна кавга во четириесет години, колку што живееле еден покрај друг, делејќи алат, помагајќи се. А одеднаш таа хармонија се сруши.

Се’ почнало од мало недоразбирање кое водело кон големи расправии и груби зборови после кои недели поминувале во молчење. Еден ден, некој тропнал на вратата на Џон. Ја отворил и видел мајстор со алати:

– ‘Барам работа’- рече мајсторот.

– ‘Можеби овде на твојата фарма може да се најде некоја работа за мене?

– ‘Да’- рече постариот брат.

– ‘Знам што можеш да направиш за мене. Ја гледаш онаа куќа од другата страна на потокот? Тука живее мојот сосед, всушност мојот помлад брат. Минатата недела меѓу нас беше ливада, но тој нешто копаше од реката до овде и сега меѓу нас е поток. Тоа го направи само за да ми наштети, но ќе му вратам јас. Ги гледаш оние гредите покрај шталата? Сакам да ми направиш ограда од две метри да не го гледам ниту него, ниту неговата куќа.

Мајсторот рече: -‘Се’ ми е јасно. Дај ми време и ќе видиш како тоа прекрасно ќе го направам. Мајсторот цел ден вредно работел, мерел, градел. На крајот од денот кога постариот брат се вратил дома, мајсторот ја завршил работата. Бил запрепастен! Воопшто немало ограда. Тој направил мост кој ги спојувал двата брега од потокот.

Беше тоа преубав мост, а од неговата десна страна му се приближувал неговиот помлад брат со широко раширени раце.

-‘Навистина си сјаен човек кога направи мост после се’ што ти реков и направив’- рече помладиот брат.

Браќата застанаа секој на својата страна од мостот, па пополека тргнаа еден кон друг во пресрет, среќавајќи се на средина. Забележаа како мајсторот си заминува па во глас извикаа:

– ‘Еј, почекај! Остани неколку дена кај нас, имаме многу работа да ни завршиш’ – рече постариот

-‘Со задоволство’ – рече мајсторот.

– ‘Но, морам да направам уште многу мостови’.

Извор: family

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: