Зошто љубовта никогаш не е доволна да ја спаси врската?

Јас на потежок начин научив дека не е така. Понекогаш љубовта не е доволна. Без оглед на тоа колку е силна. И без оглед колку е голема, за жал, љубовта не е единствена важна работа за да можат двајца да останат заедно.

Ти треба љубов, да. Но, треба многу да се трудиш за да го задржиш односот. Многу луѓе мислат дека љубовта е одговор за се’. Тие мислат дека е тоа тајната. Но, ако тоа е тајна на успешен однос, никој не би прекинувал врски. Не би постоеле разводи. Ако љубовта е тајната, многу повеќе луѓе би биле во среќен брак.

Понекогаш љубовта е се’ што еден пар има. А кога тоа ќе се случи, не можат повеќе ништо да направат. Само љубовта не е доволна. Љубовта е нешто, но не е се’. Кога врската и бракот ќе се завршат, причината не е тоа што немало љубов. Не затоа што љубовта не била вистинска. Постојат милиони причини. Можеби се во прашање пари или разлика во воспитувањето на децата. Можеби луѓето станале поразлични. Можеби нешто се случило во минатото или се работи за нездрав однос кој треба да се прекине.

Без оглед на причината, луѓето никогаш не треба да им судат на другите што го прекинале односот. Не му судете на парот кој штотуку раскинал, со мисла дека не се сакале доволно. Дека не се труделе доволно.

Не ја обвинувај љубовта. Љубовта е секогаш присутна. Кога луѓето ќе разменат завети на венчавката, воглавно се 100% сигурни во нив. Никој не мисли дека нивната врска ќе заврши. Никој не склопува брак мислејќи дека ќе се разведе. Секој верува дека љубовта ќе трае засекогаш. Секој мисли дека љубовта е нешто толку моќно што може да поднесе ураган.

Јас на потешкиот начин научив дека не е така. Мислев дека се’ ќе биде во ред додека има љубов. Но, далечината го направи своето. Како и недостатокот на комуникација. Иако многу се сакавме, раскинавме. И тоа е најлошиот дел. Кога никој никого не изневерува. Кога никој ништо нема да направи погрешно. Едноставно животот ќе застане на патот. И ќе ги раздвои луѓето. Колку и да се трудиш и колку љубовта е прекрасна, врската завршува. И не можеш ништо.

Кога бев девојче мислев дека љубовта е волшебна. Мислев дека трае засекогаш. Научив дека љубовта треба да ги држи луѓето заедно. Мислев дека љубовта е се’. Испаѓа дека љубовта е магична. Само и’ сметаат некои други работи. Но, животот знае љубовта да ја стави во втор план. Иако врските и браковите завршуваат, тоа не значи дека некои луѓе нема да се сакаат додека смртта не ги раздели. Не значи дека нивната љубов не била доволно јака.

Не е љубовта виновна. Не се виновни партнерите. Таков е животот. Тој ја прави љубовта тешка. Но, и убава кога конечно ќе биде како што треба. И кога љубовта конечно ќе трае.

Извор: Info Pult

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading