Кога жената заврши со тебе- завршено е!

Жената може да ти даде 7000 шанси. Се надева дека еден ден ќе бидеш најдобра своја верзија и сака да биде тука кога ќе се случи тоа, затоа често и лесно заглавуваат во страшни односи со мажите кои не ги третираат добро.

Навистина жената сака да верува, кога ќе кажеш дека ќе бидеш подобар. Но, кога жената е готова со тебе, таа е готова. Еднаш кога ќе сфати колку и’ е подобар животот без тебе во него, колку бесцелно и’ го трошиш времето и енергијата, вратата е затворена. Ниту една количина на трансформација на телото, животен стил и кариера нема да ја одвои од новиот живот, слобода без твоето влијание.

Типично е кога сфаќаш дека си ја прокоцкал шансата и ‘вртиш’ со некое клише: ‘Па ако не можеше да ме трпи во најлошто издание, не ме заслужува ниту во најдоброто’, но вистина е дека никој не заслужува да има стресен, драматичен живот бидејќи нивниот партнер не може да превземе одговорност за своите деструктивни избори. Нема да имате проблеми да пронајдете некој нов кога ќе го средите својот живот.

Не е тајна дека луѓето се приближуваат кон оние кои изгледаат стабилно и ускладено со својата индивидуална смисла; меѓутоа, трикот е да се најде некој кој ќе биде привлечен од тебе и кога минуваш низ потешкоти.

Не си се посомневал дека девојката која застанала на твојата страна, исто така поминува низ сите тие глупости во текот на твоите животни бури. А каде се луѓето кои беа со тебе во текот на убавото време?

Ќе биде тешко во тие моменти- кога ќе се бориш со новиот партнер кој не може да ги прифати твоите сенки- тогаш ќе ја сфатиш вредноста на жената која тоа го правеше без прашање.

Извор: novipocetak

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: