После разводот…10 грешки кои не смеат да се повторат

После разводот, еве кои грешки најчесто ги прави една жена во љубовта, а никогаш не треба да ги повтори.

1. Ги игнорирав добрите мажи. Жените кои немаат самодоверба не ги гледаат добрите мажи. Кога за себе мислите најлошо, имате тенденција да бидете со луѓе поради кои се чувствувате уште полошо. Заслужувате шанса за нов почеток.

2. Се’ му препуштив него. Секогаш јас ги прогонував мажите наместо таа работа да им ја препуштам нив. Кога некој се обидуваше да ми се доближи, го избегнував, бидејќи беше добар маж. Мажите сакаат да знаат дека ја заслужиле љубовта на жената, а не да им се фрлите пред нозе.

3. Зборував вистина. Откривав премногу за себе веднаш на почеток, па поголемиот број мажи не беа предолго во врска со мене. Тоа е затоа што секогаш бирав тупаци. Дали такви типови заслужуваат да го добијат моето срце на дланка? Веројатно не, но тие кои се сосем ок, со своето однесување ги заплашував, па бегаа како луди. Не откривајте премногу за себе. Вашиот партнер треба да ја заслужи таа привилегија, да знае се’ за вас и вашето животно искуство.

4. Толерирав непочитување. Имаше многу мажи кои не ме почитуваа, кои понекогаш се извинуваа и јас повторно им се враќав. Не им простувајте на никој кој не ве почитува. Таквите заслужуваат црвен картон. Љубезна личност може да каже нешто невнимателно, но нема да ве навредува.

5. Им дозволив да ме третираат како кукла. Јас тоа не сум. Јас сум човечко битие, кое има позитивни и негативни страни. Вашата улога не е некој друг да управува со вашиот живот. Никогаш немој да бидеш играчка за мажите. Никогаш. Не толерирај непочитување, само за да бидеш сакана.

6. Премногу се надевав. Својата среќа ја врзував за неговата љубов кон мене, а кога нешто ќе тргнеше по зло, среќата ќе исчезнеше од мојот живот заедно со него. Почетната хемија и хормоните кои те туркаат не можат воопшто да се споредат со доблестите на долгите врски.

7. Мојата среќа зависеше од другите. Многу ми значи некој да ме сака, а кога тоа ќе престане, станувам депресивна. Никој не сака да биде отфрлен, но ако ја мериш својата среќа според постапките на другите, ќе живееш беден живот.

8. Мажите не ги посакував толку, колку што ми беа потребни. Воопшто не е привлечно кога мажот знае дека ти треба. Тоа е само начин да надоместиш нешто што ти недостасува преку друга личност. Треба да посакуваш некој, а не тој да е причина за твоето постоење.

9. Не ги вртев околу малиот прст. Требаше да излегувам за да се забавувам, а јас тоа не го правев. Требаше да бидам поопуштена и да се забавувам за да запознаам некој нов, да откријам што сакам, што ми одговара. Требаше да уживам во својот живот, без оглед дали во него постои маж или не. Премногу се оптеретував со нив, а требаше да се свртам себеси. Не треба да се чувствувам непотполна затоа што немам маж покрај себе.

Извор: kronervijesti

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: