Само вистинскиот маж може да сфати дека само една жена му е доволна

Не, јас не ја сакам секоја жена која гледа во мене. Не сакам да бидам мало дете. Само те сакам тебе, само сакам ти да ме гледаш и да се насмевнуваш. Мојата жена да ме сака колку што јас ја сакам неа. Никој друг не е важен. Само ти и јас, засекогаш.

1. Најдобрата врска е кога можете да се однесувате како љубовници и како пријатели во исто време. Љубовта е спонтана, љубовта е забавна. Која е поентата на љубовта ако не можете да се забавувате? Која е поентата да имате животен партнер, ако не можете да се смеете заедно?

2. Животниот партнер е некој кој знае дека не сте совршени, но сепак ве третира како да сте. Никој не е совршен, сите имаме мани. Верувам дека нашите мани не’ прават посебни, не’ прават човек, не’ прават она што сме. Пронајдете некој кој ги сака вашите мани исто колку што ве сака. Ако некој се обидува да ве промени, одете.

3. Ако не сакате некој кога му е тешко, не сте ги заслужиле ниту кога е среќен. Животот е во подеми и падови. Луѓето страдаат, таков е животот. Но, да се има некој кога страдате е многу полесно. Ако со некој сте само поради добрите времиња, тоа не е љубов.

4. Заслужувате некој кој ќе ви каже дека сте најдобра работа која некогаш им се случила и дека навистина така мислат. Секој сака да биде забележен, да биде посакуван. Да се слушнат зборовите ‘Ти си најдобрата работа која ми се случила’ е како магија. Тоа зборува за личноста која е посакувана и обожувана, тоа е она што луѓето не’ прави среќни.

5. Најдоброто чувство на светот е кога знаете дека на некој му значите. ‘Ти значам јас нешто? Дали се насмевнуваш кога не сум со тебе? И јас така се чувствувам. Ти си причина поради која среќен се будам секое утро и заспивам секоја ноќ со насмевка на лицето. Моја љубов, ти си ми се’.

6. Понекогаш љубовта на вашиот живот ќе дојде по некоја најголема грешката во живот. Сите правиме грешки. Животот е колекција на лекции, добри и лоши. Некои од најдобрите љубови доаѓаат кога поминувате низ најлошата љубовна разделба .

7. Изградете пријателство пред да се венчате. Венчајте се со својот најдобар пријател. Нема подобро чувство. Тоа значи дека сте отворени за некој, кој ја познава вашата најчудна страна и најмрачните стравови.

Извор: novipocetak

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: