Знаеш ли дека ограничувањето на твојата слобода не е љубов?

Модрица не е љубов, таа нема таква боја. Љубовта не е ќотек. И знаеш дека не си сама со тој проблем. Но, знаете ли што е насилство? Она кое влијае на психата на секоја личност? Секоја жена?

Научени сме дека треба да се омажиме. Да родиме. Така ја заокружуваме својата смисла и постоење на овој свет. Научени сме да бидеме нежни, а мажите да бидат груби. Да не сме плачки, да не бараме многу, а кога тоа ќе се случи, често не’ потсетуваат дека тоа е сигурен знак за ПМС. Бидејќи ние сме жени.

А кој ги потсетува мажите кога се однесуваат како бесчувствителни гомна? Кој е тој хормон?

Знаеш ли дека е насилство кога една година не ти купил цвет? Чоколадо? Знаеш дека е насилство, ако со месеци не ти рекол дека те сака, а тоа навистина го мисли и чувствува? Знаеш дека е насилство и тоа што не знае да ја суреди масата после јадење?

Знаеш ли дека насилство е кога за секоја работа во заедничкото домаќинство мора да биде потсетен…. дека валканиот веш не се расфрла на пример. Кога само ти ги носиш и ги враќаш вашите заеднички деца? И кога уморна доаѓаш од работа и кога крвариш и кога ти полудуваат хормоните? И кога си уморна и гладна и имаш мигрена.

Знаеш ли дека се тоа мали модрици кои некој ги остава по твојата душа, а тоа знае да боли многу повеќе од физичката болка. Знаеме ние кога очигледно и јасно не е во ред. Знае секоја жена која некогаш добила удар дека тоа не е нормално. Или некаде слушна за тоа. Колку пати кога нешто ќе му замериш на својот маж, од другите жени ќе слушнеш: ‘Пушти го, машко ко машко’.

Знаеш ли дека насилство е кога ти вели дека си непримерно облечена, премногу се откриваш? Секој пат кога ти сугерирал каде можеш или не можеш да одиш? Знаеш ли дека ограничувањето на твојата слобода не е љубов. Знаеш ли дека тоа е насилство?

Никогаш не сакам да го намалам значењето на физичкото насилство, тоа се очигледни облици на насилство кое никој со здрав разум нема да го оправда. Но, ретко зборуваме за она што одвнатре те крши. Оној кој ти ја уништува самодовербата. Ти го крши духот, па повеќе не знаеш ниту кој си.

Секако дека ќе згреши и оној кој вистински те сака. Ќе те расплаче и тој понекогаш. Но, ќе направи се’, да го исправи тоа и никогаш повеќе да не те повреди. Се’ друго не е љубов, без оглед што светот ти рекол.

Се’ она што те боли одвнатре не се хормони. Не е затоа што си жена. Тоа се твои чувства. На кои имаш право, што и да те научиле родителите. Се’ она што не сакаш, се’ она што те боли, не мора да трпиш.

Јелена Деспот

Извор: Lola

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: